Америка му врати на Фолксваген половина милион автомобили. Наводно илегално инсталирале софтвер за лажирање на тестови за издувните гасови од колите. Привремено е стопирана продажбата на дизел возилата со мотори со четири цилиндри во САД, а нема да се продаваат ни половни возила од тој тип.
Вести
-
Свет 22.09.2015 17:35
-
Македонија 22.09.2015 17:29
Реализација на проекти во Битолско
По 30-тина години, реконструкција на патот Битолa – Ресен – Буково. Оваа делница е долга 27 километри. Планот е магистралата да биде завршена за една година.
-
Економија 22.09.2015 17:23
Почна изградбата на фабриката на „ОДВ Електрик“- инвестицијата е вредна 15 милиони евра
Почна изградбата на првата фабрика во технолошко- индустриската зона во Охридско- струшкиот регион. Се работи за инвестицијата на германската компанија „ОДВ Електрик“ вредна 15 милиони евра, која во наредниот период треба да вработи 1.000 луѓе.
-
Економија 22.09.2015 16:56
Ставрески: На жителите од Дебарца им исплативме 4,3 милиони денари оштета од град
На 321 жител од општина Дебарца денеска и вчера исплатени им се 4,3 милиони денари надомест за штетите од град кои се случија пред неколку години. Ова денеска во Охрид го изјави вицепремиеорт и министер за финансии Зоран Ставрески.
-
Македонија 22.09.2015 16:49
Нов мамограф за гевгелиската болница, Николоќ ќе добие матичен лекар
Една деценија стариот и расипан мамограф во гевгелиската општа болница ќе се замени со нов, најави ресорниот министер Тодоров. Здравствена услуга ќе може да добиваат околу 450 илјади жители и од околните места.
-
Свет 22.09.2015 16:37
Имплементирање на мерките за штедење- цел на новата грчка влада
Со полагањето на свечената заклетва, Алексис Ципрас го започна вториот мандат како пример на Грција. Во новата Влада повторно ќе учествува стариот партнер, партијата Независни Грци на Панос Каменос.
-
Култура 22.09.2015 16:27
Претставено главното фестивалско жири на ИФФК „Браќа Манаки“
Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ денеска ги претстави членовите на меѓународното стручно жири кое годинава го предводи кинематограферот Ришард Ленчевски од Полска.
-
Македонија 22.09.2015 16:24
Затворени предметите против Бугарија поврзани со слободата на собирање на македонското малцинство
Пресудите на Судот од Стразбур беа донесени во октомври 2011-та, и се однесуваа на кршењето на правото за слободно собирање на органиациите кои имаа за цел „признавање на македонското малцинство во Бугарија“, односно забраната на нивните собири меѓу 2004-та и 2009-та.
-
Македонија 22.09.2015 16:04
Тодоров во Дојран: 5 нови доктори во Итната медицинска помош
Министерот за здравство, Никола Тодоров денеска ја посети амбулантата во општина Дојран.
На средбата беше објавено дека во Итната медицинска помош во Здравствениот дом се вработени 5 нови доктори, со што се овозможува континуирано преку целата година оваа амбуланта да работи 24 часа.
-
Македонија 22.09.2015 15:58
Јавен повик за концесија на 12 ловишта
Државата на јавен повик ќе бара концесионери за 12 ловишта во пет региони. Седум се за ситен дивеч, а периодот на концесија е 10 години, останатите се за крупен дивеч, со 20 години период на концесија.










