Претседателот на Владата, Никола Груевски синоќа приреди Ифтар вечера по повод Рамазанските пости. На вечерата присуствуваа министри, заменици министри и пратеници од Исламска вероисповед, како и дел од владиниот тим.
Вести
-
Македонија 08.07.2015 11:40
-
Македонија 08.07.2015 11:31
Во сообраќајката кај ТЦ „Зебра“ загина новинарката Сузана Тодоровска Павловска
Во сообраќајна несреќа синоќа загина Сузана Тодоровска Павловска, новинар во Македонското радио. -
Економија 08.07.2015 11:04
Грција ги брои последните моменти пред банкрот
Европските лидери и го дадоа последниот рок на Грција за спас од кризата. В недела е закажан нов состанок на членките на Европската унија, на кој Грција ќе биде главна тема на разговорите.
-
Свет 08.07.2015 11:01
Силни безбедносни мерки за посетата на Меркел на Тирана
Германската канцеларка Ангела Меркел ја почнува балканската турнеја со посета на Албанија. Тирана е под засилени безбедносни мерки, идентични како тие при посетата на папата Франциск лани и на српскиот премиер Вучиќ во мај.
-
Македонија 08.07.2015 10:51
Македонија во жолта фаза, 40 степени и УВ индекс 9
Македонија e во жолта фаза, поради влијанието на многу топла воздушна маса што предизвикува значителен пораст на дневните температури. УВ индексот е 9. Особено топло ќе биде денеска и утре, а во југоисточните делови се очекуваат и до 40 степени.
-
Македонија 08.07.2015 10:46
Почнува судскиот процес против трикратниот убиец од Кавадарци
На обвинителна клупа во Велешкиот основен суд ќе седне Тони Станоев, обвинет за трикратното убиство во Кавадарци, во ноември лани, кога ги застрела родителите на неговата сопруга и нејзината сестра.
-
Македонија 08.07.2015 10:37
Дводневна конференција посветена на борбата против корупцијата
Во Охрид се одржува дводневна конференција на тема „Антикорупција, најдобри практики во борбата против јавната корупција“, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, со финансиска поддршка на Американската амбасадата и на Бирото за меѓународна борба против наркотици
-
Македонија 08.07.2015 10:33
Итните реформи од извештајот на Прибе на собраниски комисии
Шест собраниски комисии денеска и утре ќе ја разгледуваат листата на итни реформски приоритети, кои произлегуваат од препораките во извештајот на групата на Европската комисија, што ја предводеше поранешниот директор во комисијата, Рајнхард Прибе.
-
Македонија 08.07.2015 10:28
Голем интерес за ИПАРД фодновите
На последниот ИПАРД оглас барање поднеле повеќе од 830 земјоделци што е двојно повеќе од претходните.
Големиот интерес е резултат на поедноставната процедура и можноста за ко-финансирање на трактори и механизација.
Сега се финансираат и поголеми инвестиции.
-
Македонија 07.07.2015 17:38
Во Косово приведен бегалецот од Брест, осомничен за учество во нападот во Куманово
На Косово е уапсен Сулејман Османи, жител на селото Брест, осомничен дека учествувал во нападот во Куманово. Почната е постапка за негова екстрадиција во Македонија.










