По пеколните жештини, во делови од западот на Европа пустоши силно невреме. Најмалку едно лице загина, а 30 се повредени, од кои три потешко во Венеција. Силниот ветар корнел дрвја и оштетил повеќе куќи.
Вести
-
Свет 09.07.2015 10:53
-
Економија 09.07.2015 10:47
Лагард: ММФ останува на своите позиции кон Грција
Грција побара помош од нас, ние не сме за протекции на ниедна земја, кредитите се дадени под одредени услови, изјави директорката на Меѓународниот Монетарен Фонд, Кристин Лагард во Вашингтон. Според неа, ММФ внимателно ја следи ситуацијата по референдумот во Грција.
-
Свет 09.07.2015 10:39
Меркел во Белград: Регионот има европска перспектива
Регионалната соработка, економијата и мигрантите беа главна тема на средбата на канцеларката Ангела Меркел со премиерот Александар Вучиќ во Белград.
-
Македонија 09.07.2015 10:33
Субвенции за набавка на механизација и опрема
Потеклото на механизацијата не е услов по што се разликува од ИПАРД програмата каде што набавката е само од Европската унија.
-
Македонија 09.07.2015 10:19
Попоски во Ватикан: Одлични пријателски односи меѓу Македонија и Светата Столица
Одлични пријателски односи меѓу Светата Столица и Македонија. Ова е констатирано на вчерашната средба на министерот за надворешни Никола Попоски со неговиот домаќин секретарот за односи со државите, монсињор Пол Ричард Галагер во Ватикан.
-
Македонија 09.07.2015 10:13
Електронско поврзување на државните институции со Катастарот
Со измени на 30 закони органите на државната управа, судовите и единиците на локалната самоуправа ќе имаат обврска електронски да се поврзат со Агенцијата за катастар на недвижности. -
Економија 09.07.2015 10:01
ММФ ја потврди макроекономската стабилност на Македонија
Монетарците ја потврдија макроекономската стабилност на земјава, проектиран е раст од 3,2 насто на БДП како еден од највисоките на континентот. Проценката на ММФ се заснова врз инвестициите во инфраструктурата, растот на извозот поради странските директни инвестиции и високиот кредитен раст.
-
Свет 08.07.2015 17:51
Путин: Русија и Кина можат да ги решат сите проблеми
Рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на утрешниот самит на групата БРИКС, односно Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, изјави дека Русија и Кина со здружени сили можат да ги решат сите актуелни проблеми.
-
Македонија 08.07.2015 17:24
Договорена откупната цена- 11 денари за килограм пченица
Производителите на пченица и мелничарите ја договорија откупната цена. 11 денари е цената за пченица која ќе ги исполни минималните услови. Поради поплавите годинава се очекува помал род за повеќе од 20 проценти.
-
Економија 08.07.2015 17:19
Се менува сликата на телекомуникацискиот пазар: Одобрено спојувањето на ВИП и ОНЕ
Комисијата за заштита на конкуренцијата даде амин за спојување на ВИП и ОНЕ во една компанија. Мобилком Австрија се стекна со контрола над телекомуникацискиот оператор ОНЕ.










