Нови фабрики никнуваат во слободните економски зони, извозот се зголемува, расте бројот новоотворени работни места. Компаниите работат со полна пареа. На оглас се бараат стручни кадри, инженери, економисти. Странските инвестиции донесоа - работа за домашните фирми, нови технологии, вработувања.
Вести
-
Економија 08.07.2015 17:15
-
Македонија 08.07.2015 17:02
Поливалентните вакцини ќе почнат да се користат од август
Поливалентните вакцини се иднината на имунизацијата. Од вчера шестовалентните ги има и во Македонија. Премиерот Груевски најави дека во наредните две до три недели ќе се распределуваат низ здравствени установи во државава.
-
Македонија 08.07.2015 16:48
Кривични пријави за пет судии и тројца лекари, помогнале на обвинет за убиство да не одлежи затворска казна
Судско-лекарска спрега. Мотивот е се уште енигма. 5 судии од прилепскиот основен суд , тројца вработени во псијатриската болница Демир Хисар и раководител на затворската здравствена служба во КПУ Идризово, заработија кривична пријава.
-
Македонија 08.07.2015 16:40
Анкета: ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ, Груевски ужива најголема доверба
Владеачката ВМРО-ДПМНЕ е со убедливо водство во сите сфери на општеството пред опозициската СДСМ – покажува анкетата на реномираниот Aмерикански републикански институт.
-
Македонија 08.07.2015 16:33
Македонија во жолта фаза- да се почитуваат препораките на лекарите
35 степени, а не е ниту 12 часот напладне - сонцето пече, но за пари мора да се работи. Надлежните препорачаа во овој период од денот да не се излегува на отворено. Но сликата на терен поинаква.
-
Македонија 08.07.2015 16:01
Земјоделство: Поголеми приноси со прилагодување на климатските промени
За 30-40% повеќе приноси на градинарските производи прилагодени на килиматските промени. Ова е заклучокот на Томе Тимов, млад фармер од струмичко Добрејци чии пластеници се дел од проектот на Мрежата на млади фармери и УСАИД за прилагодување на земјоделството кон климатските промени.
-
Македонија 08.07.2015 15:52
In Memoriam Сузана Тодоровска-Павловска: МТР загуби врвен професионалец
Остана празно столчето во студиото на Радио 2 од каде што Сузана Тодоровска-Павловска секој ден ги информираше слушателите за најновите културни случувања.
-
Македонија 08.07.2015 15:35
Ќе се градат уште десетина спортски сали
Ќе се градат уште десетина нови спортски сали, информираше денеска премиерот Груевски. За нив се изготвува потребната документација и наскоро ќе се постават темелите.
Досега се завршени 78 спортски сали, 13 се во градба, од кои шест ќе бидат готови во наредната половина година.
-
Економија 08.07.2015 15:28
Одобрено спојувањето на ОНЕ и ВИП
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата со која Мобилком Австрија стекнува контрола над телекомуникацискиот оператор ОНЕ.
-
Македонија 08.07.2015 15:21
Обнова на центрите за социјална работа
По првата фаза во која беше извршена темелна реконструкција и реновирање на четири центри за социјална работа, во тек е втората фаза во која се опфатени уште седум.










