Со поддршка на Министерството за култура, до крајот на годинава македонското книжевно творештво ќе биде претставено на меѓународните саеми на книгата во Франкфурт, Софија и на саемот во Истанбул.
Вести
-
Култура 07.07.2015 11:32
-
Свет 07.07.2015 10:48
Обама: Исламска Држава ќе биде поразена
Американскиот претседател Обама изјави дека неодамнешните територијални загуби на екстремистите на Исламска држава во Ирак и во Сирија покажуваат дека групата ќе биде поразена.
-
Свет 07.07.2015 10:40
Ципрас и Цакалатос на средба во Брисел во обид да се вратат на преговарачка маса
Новиот министер за финансии на Грција, Цакалотос и премиерот Ципрас денеска заминуваат за Брисел, со цел да ја задржат земјата во еврозоната.
-
Македонија 07.07.2015 10:38
Претседателот Иванов ја продолжува официјалната посета на Хрватска
Претседателот Иванов денеска во општина Ѓаково ќе се сретне со преставници на македонската заедница.
-
Македонија 07.07.2015 10:31
Поволна година за лозарите
Лозарите се надеваат на добра година, а насадите добро напредуваат.
За разлика од лани пламеницата и другите болести, годинава не се многу распространети, заштитните средства се користат помалку, а трошоците за производство се намалени.
-
Економија 07.07.2015 10:31
Произведен првиот воз за Македонски железници
Во Кина, презентација на првиот воз произведен за Македонски желеници. Во градот Џуџо е македонска делегација, предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски. Ќе се разговара за реализација на договорот.
-
Македонија 07.07.2015 10:14
Убиецот на матурантот Ангел осуден на 14 години затвор
14 години затворска казна, пресуди кривичниот суд за обвинетиот, Насер Ештрефи. Прогласен е за виновен за убиството на матурантот Ангел Петковски, кое лани во мај се случи во скопската населба Ѓорче Петров.
-
Македонија 07.07.2015 09:36
Собранието треба да ја одржи 57. седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 57. седница на чиј дневен ред е Предлог одлуката за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија, за учество во мировната операција на Европската унија, „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.
-
Македонија 06.07.2015 17:24
Претседателот Иванов во дводневна посета на Хрватска
Го отворивме прашањето на членство на Македонија во НАТО. Долго време сме во чекалницата на Алијансата и нашите граѓани се фрустрирани, изјави во Загреб по средбата со претседателката на Хрватска, Колинда-Грабар Китаровиќ, македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
-
Економија 06.07.2015 17:08
Еврото по грчкото НЕ: Нема метеж во македонските менувачници
По грчкиот референдум курсот на европската валута кон доларот падна под психолошката бариера од 1,1 долари за евро. Но изутрината се врати на старото ниво по оставката на грчкиот министер за финансии Варуфакис. Вакавата промена ја покажа чувствителноста на курсот поради случувањата во Грција.










