Вести

  • Свет 06.07.2015 16:33

    Тектонски промени на грчката политичка сцена по референдумското НЕ

    Референдумското „НЕ“ предизвика тектонски промени на политичката сцена во Грција. Кусо по објавени резултити следуваше оставката на лидерот на Нова Демократија и поранешен премиер, Андонис Самарас.

  • Свет 06.07.2015 16:30

    Брисел: Вонредна состојба по грчкото НЕ

    Вонредна состојба во Брисел. Иако потпреседателот на Европската комисија, Валдис Домбровски на денешната прес конференција истакна дека еврото е стабилно, сепак призна дека грчкото НЕ за пакетот мерки на ЕУ предизвика лавина на нови можни отворени прашања, на кои во моментов немаат одговор.

  • Македонија 06.07.2015 15:26

    ДИЦ: Неосновани над половина од приговорите на екстерното

    Во јунската сесија од екстерното тестирање биле поднесени 2855 приговори, односно приговарано е на 0,7 проценти од тестовите, од кои над половината биле одбиени како неосновани, соопшти Државниот испитен центар.

  • Македонија 06.07.2015 15:24

    МВР расчисти случај на ограбување мигранти

    Полицијата расчисти случај на ограбување мигранти. Жител на Конче им украл ранци на двајца бегалци на гевгелиската железничка станица, во кои имале поголема сума пари, имале и потврди, и требало да заминат со воз.

  • Економија 06.07.2015 15:06

    Мерки за вработување: Објавени четири нови огласи

    Невработените и бизнисмените ќе може да аплицираат за некој од четирите огласи за мерките за кредитирање за самовработување и отворање нови работни места. Македонските компании преку поволни кредите ќе имаат можност да го прошират својот бизнис, а невработените  да ја реализраат својата идеја.

  • Македонија 06.07.2015 14:52

    Усвоен деловникот за работа на Комисијата за следење на ПИМ

    Независната пратеничка Солза Грчева која е нов член во комисијата смета дека овој состав без најголемата опозициска партија не може да носи релевантни одлуки,имајќи ја предвид актуелната политичка состојба. Почетокот на работата го гледа како ад хок решение,што беше и сугестија на Прибе.

  • Економија 06.07.2015 14:49

    Трговската размена во првите пет месеци околу 4,3 милијарди долари

    Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во првите пет месеци од годинава изнесува 1.751.496.000 американски долари, а на увозот 2.526.927.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 69,3 отсто, а трговскиот дефицит 775.432.000 долари.
     
  • Свет 06.07.2015 14:40

    Втора жртва од МЕРС на Филипини

    На Филипините втор починат од вирусот МЕРС. Според информациите од министерството за здравство, 36-годишниот човек се вратил од патување од Дубаи пред еден месец.

    Во моментов се трага по сите со коишто контактирал за да се спречи натамошно ширење на болеста.
     

  • Свет 06.07.2015 14:32

    Папата Франсис во Еквадор повика за заштита на најсиромашните

    Папата Франсис, кој допатува во Еквадор во рамките на 9-дневна посета на Јужна Америка, повика на заштита на најсиромашните луѓе.

  • Економија 06.07.2015 13:47

    Нови огласи за поддршка на вработувањето

    Објавени се четири нови огласи од мерките на Владата за поддршка на вработувањето. Невработените или сопствениците на компаниите ќе можат да бараат поддршка од 5 до 23 илјади евра.

Pages