Грција се подготвува за референдумот закажан за в недела. Граѓаните се двоумат дали да ги прифатат предлозите од меѓународните кредитори, односно дали да го задржат еврото или да ја вратат драхмата.
Вести
-
Свет 03.07.2015 11:10
-
Македонија 03.07.2015 11:07
Уште еден загинат во страшната сообраќајка кај Колари
Четврта жртва на тешката сообраќајка кај кичевското село Колари. Врз лицето кое било згрижено во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид била извршена реанимација и транспорт кон скопскиот Клинички центар, но на патот кон Скопје починало.
-
Свет 03.07.2015 11:03
Топлотен бран низ Европа
Европа зафатена од топлотен бран. Стрелката на термометарот во Париз покажаа 39 целзиусови степени, додека во шпанските туристички места беа забележани 44 степени. Топлото време ја зафати и Велика Британија и Португалија.
-
Македонија 03.07.2015 10:55
Бејли: Американците се горди што се пријатели и партнери со македонскиот народ
Многумина од Вас ни посакаа топло добредојде во Македонија, рече амбасадорот Џес Бејли на приемот по повод прославата на Денот на Американската независност во амбасадата на САД.
-
Култура 03.07.2015 10:38
Почнува фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп
Продолжува зачувувањето на изворниот македонски фолклор. Денес и утре во Прилеп и на Рудина кај Долнени ќе одекнат изворните песни и инструменти- тапанот, гајдата, кемането, зурлата. По 41 пат се одржува фестивалот „Пеце Атанасовски“.
-
Свет 03.07.2015 10:21
Американската надворешна политика е насочена кон безбедносните закани од Блискиот Исток и кон Азија
Вашингтон поддржува проширување на Алијансата, но смета дека билатералните спорови што го кочат приемот на нови земји членки треба да се решаваат во Европа, оценува експертот за надворешна политика на Институтот „КАТО“ Ема Ашфорд.
-
Македонија 03.07.2015 10:16
Се договараат минималните откупни цени на пченицата
Oткупна цена на пченицата според земјоделците би требало да се движи од 10 до 14, а мелничарите предлагаат да биде 8 до 9 денари за килограм.
Сепак неа ќе ја одреди берзата во регионов до крајот од оваа недела.
-
Македонија 02.07.2015 17:12
Аналитичари: Опозицијата не треба да бега од избори
Во пресрет на новата лидерска средба на која ќе се бара излез од политичката криза , договорот од 2-ри јуни е добра основа за решение. Епилог што ќе ја врати државата во нормалниот колосек и ќе овозможи фокусирање на економкските и други важни прашања за граѓаните, сметаат аналитичарите.
-
Свет 02.07.2015 17:05
ЕУ- Грција: Замрзнати преговори, се чека референдумот
Европа ги замрзна преговорите со Грција. Ќе се чекаат резултатите од референдумот. Ова е пораката на лидерите на државите членки на унијата по вчерашниот конференциски состанок на Еврогрупата кој не ги даде посакуваните резултати.
-
Македонија 02.07.2015 16:54
Владата објави оглас за именување директор на Агенцијата за филм на РМ
Владата го објави огласот за избор на директор на Агенцијата за филм. Заинтересираните кандидати можат да се пријават во наредните 8 дена.










