Регистрирани се првите 13 барања за азил во Република Македонија откако стапија на сила измените и дополнувањето на Законот за Азил и привремена заштита. Овие 13 барања се однесуваат на 17 лица од кои 13 возрасни и 4 деца. Сите лица се по потекло од Сирија на возраст од 19 до 57 години.
Вести
-
Македонија 03.07.2015 14:07
-
Свет 03.07.2015 14:02
Турција ја зајакнува војската долж границата со Сирија
Турција распоредила дополнителна војска и опрема на делови од границата со Сирија во моментот на интензивирање на борбите околу градот Алепо, изјавија претставници на силите за безбедност. Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека моментално нема планови за упад.
-
Свет 03.07.2015 13:52
150 Нигеријци се убиени во напад на Боко Харам
150 Нигеријци се убиени во најновиот напад на Боко Харам, кога над десетина екстремисти влегле во три оддалечени села во нигериската сојузна држава Борно и ги запалиле куќите.
Најголемиот број жртви се момчиња и мажи кои во моментот биле на молитва во џамиите.
-
Македонија 03.07.2015 13:19
Судењето за „Пуч“ закажано на 5-ти август
Судењето за случајот „Пуч“ е закажано на 5-ти август, судијка е Љубинка Башеска. Четвртообвинет во овој случај е Зоран Заев, претседателот на СДСМ, кој што вчера изјави дека нема да почитува ниту еден повик за пристуност на судските рочишта.
-
Свет 03.07.2015 13:02
Неизвесност: Грците поделени околу референдумот
На само два дена до историскиот референдум на кој ќе се одлучи судбината на Грција, анкетите покажуваат дека се уште е неизвесно дали в недела ќе победи грчкото „да“ за прифаќање на реформите, или „не“. Се прават последните подготовки за гласање. Кутиите веќе се носат на избрачките места.
-
Македонија 03.07.2015 12:27
Легализирани 71% од дивоградбите во Општина Илинден
Општина Илинден досега реши вкупно 4.285 предмети, или 71 % од пристигнатите 6.152 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти. Со ова Општина Илинден продолжува да биде водечка општина во државата во процесот на легализацијата на дивоградбите.
-
Македонија 03.07.2015 12:07
Неизвесна лидерска средба
Се уште неизвесно одржувањето на лидерската средба во Клубот на пратениците која што беше најавена за денеска.
-
Македонија 03.07.2015 11:54
Честитка од Иванов до Обама по повод Денот на независноста на САД
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до американскиот претседател Барак Обама по повод Националниот празник на САД, 4 јули - Денот на независноста.
-
Македонија 03.07.2015 11:45
Ограбена продавница во центарот на Скопје
Од продавницата „Агровитамак“ на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје синоќа во 22 и 30 часот украдени се 2.300 денари и околу 100 кутии разни марки цигари.
-
Македонија 03.07.2015 11:43
Царината откри и заплени 326 литри шверцуван „Ред Бул“
Во магацинските простории на две правни лица од Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги открија шверцувани 326 литри енергетски пијалак „Ред Бул“.










