Грчкиот премиер Ципрас и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, Могерини го откажаа учеството, иако беа најавени како говорници на летната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, што започнува денеска, а завршува на 26 јуни.
Вести
-
Свет 22.06.2015 14:20
-
Економија 22.06.2015 14:15
Заеднички инвестициски проекти за поголем економски раст
Новиот Европски фонд што ќе биде наменет за инвестиции во нови работни места, зголемување на економскиот раст и подобрување на конкурентноста ќе тежи 21 милијарда евра.
-
Македонија 22.06.2015 14:10
Темелко по трет пат градоначалник на Пустец
Едмонд Темелко, кандидат за градоначалник на Македонска Алијанса за Европска интеграција, на локалните избори во Албанија кои се оддржаа вчера, по трет пат ја доби довербата на гласачите во Пустец.
-
Свет 22.06.2015 14:02
Чарлстон: Почесен марш како симбол на единството
Илјадници луѓе учествуваа на почесен марш по главниот мост во Чарлстон како симбол на единство по убиството на девет афроамериканци од страна на белец за време на миса во црква.
-
Свет 22.06.2015 13:44
Москва: САД потрошиле 5 милијарди долари за државен удар во Украина
Според изјави секретарот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, Америка стои зад државниот удар во Украина и за таа цел потрошила пет милијарди долари.
Тој истакнал дека промената на власта во Украина ги поттикнала тамошните настани.
-
Македонија 22.06.2015 12:39
Околу 40 илјади повици на телефонската линија „Ало докторе“
Околу 40 илјади повици се реализирани на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“, што функционира девет месеци. -
Свет 22.06.2015 12:27
Јункер: Предлогот на Ципрас е добра основа за напредок во преговорите
Претседателот на Европската Комисија, Жан-клод Јункер го оцени најновиот грчки предлог за решавање на должничката криза како „добра основа за напредок“.
-
Економија 22.06.2015 11:57
Субвенции за нови лозја и овоштарници
Платежната агенција наскоро ќе објави оглас за поднесување барања за субвенционирање нови овошни и лозови насади.
Право на овие пари имаат евидентираните земјоделци или трговец поединец со површина од најмалку половина хектар.
-
Македонија 22.06.2015 10:36
Почнуваат уписите во средно образование
Почнува уписот на полуматурантите во средното образование кое е задолжително во земјава.
-
Свет 22.06.2015 10:21
Србија: Една жртва, 62 повредени во автобуска несреќа
Едно лице загина, а 62 се повредени, од кои дваесетина потешко во тешка сообраќајна несреќа која се случи изутринава во Бубањ Поток, во Белград кога се преврте автобус полн со туристи.










