Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која на 9-ти јуни се случи во кумановската населба Бедиње.
17 годишникот кој се лекуваше на Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.
Почина и четвртото момче кое беше повредено во тешката сообраќајна несреќа која на 9-ти јуни се случи во кумановската населба Бедиње.
17 годишникот кој се лекуваше на Ургентниот центар во Скопје им подлегнал на повредите.
Шест лица вчера се хоспитализирани на инфективната клиника поради труење со храна. Труењето се случило на семејна веселба во скопски ресторан, каде што присуствувале 60-тина гости.
Инспектори од Агенцијата за храна го истражуваат случајот.
Претседателот Иванов оствари средба со бугарскиот шеф на дипломатијата Даниел Митов. Размениле мислења за актулените политичко економски состојби во државава и во регионот со акцент на стабилноста, безбедноста и евроатланските процеси.
Иако главна мисија на овој меѓувладин форум е поддршка на земјите членки на ЦЕИ во евроинтегративниот процес, очекувано, како приоритет се наметна проблемот со мигрантите од кризните региони на блискиот исток и Африка.
Неколку десетици мигранти од Африка на кои во четвртокот им беше забранет влез во Франција и натаму се стационирани на италијанско-француската граница и одбиваат да ја напуштат територијата. Бараат решение за влез во некоја европска земја.
Инфраструктурниот бум продолжува и годинава. Се гради 250 километри патна мрежа. Новите автопати се од големо значење не само за економијата туку и за туризмот. Ангажирани се 2.500 градежни работници. Интензивно се работи на автопатот Кичево- Охрид. Пробиени се над 35 проценти од трасата.
Покрај едногодишниот, од сега граѓаните ќе можат да си купат и едномесечен зелен картон. Премиерот Груевски објави дека владата подготвува измени во регулативата пред почетокот на туристичката сезона.
Во сите средни училишта се полага вториот странски јазик од државната матура. Најголем број од матурантите имаат избрано англиски јазик. Бројот на кандидатите што се пријавиле да ги полагаат останатите предмети е многу помал.