Вести

  • Свет 15.06.2015 09:53

    Расте бројот на заболени од МЕРС во Јужна Кореја

    Пет нови случаи на заболени и еден починат од респираторниот вирус МЕРС во Јужна Кореја. Бројот на починати се искачи на 16, додека 150 луѓе се заболени. 

    Министерството за здравство, соопшти дека епидемијата нема голем прогрес, но очекуваат уште заболени.

  • Македонија 15.06.2015 09:50

    Македонија домаќин на министерски состанок на ЦЕИ

    Македонија како земја претседавач со Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) денеска во Охрид ќе биде домаќин на Министерскиот состанок на министрите за надворешни работи на државите членки на ЦЕИ.
     
  • Македонија 15.06.2015 09:46

    Цената на македонската пченица иста како на светските берзи

    Наскоро треба да почне жетвата на пченицата, и се очекуваат помали количества бидејќи поради неповолните климатски услови е засеана на 70.000, односно за 30.000 хектари помалку.

  • Македонија 12.06.2015 17:02

    Висок степен на УВ зрачење- лекарите со препораки

    Четири карциноми на кожа за неполн месец дијагностицирала доктор Сузана Камберова. Ваквата состојба се поврзува со високото ниво на УВ зрачење.

  • Свет 12.06.2015 16:40

    Грција во ќорсокак, преговорите со кредиторите стопирани

    Грција во ќорсокак- преговарачкиот тим на Меѓунардниот монетарен фонд ги напушти бриселските разговори со тим од Атина. Се врати во Вашингтон со оценка дека двете страни „се многу далеку од договор“.

  • Македонија 12.06.2015 16:32

    „Водовод“ со нови услуги

    Првите дванаесет терминали за брзо плаќање се веќе инсталирани по трговските центри и маркетите. Во наредниот период Водовод планира уште 18. Се зголемува бројот на корисниците во електронскиот систем сепак пред шалтерите гужви, сликата е иста речиси секој ден.

  • Македонија 12.06.2015 16:27

    За речиси една година, 380 крводарители дарувале тромбоцити

    Тодор Костов за првпат даруваше тромбоцити - крвни плочки што им се најпотребни на тешко болните. Хуманоста му е водилка- сака да им помага на луѓето. Досега неколку пати дарувал крв.

  • Економија 12.06.2015 16:19

    Раст на БДП од 3,2% во првиот квартал

    Eкономијата во првото тримесечје годинава пораснала на 3,2%- објави државната статистика. За споредба во четвртиот квартал лани, растот изнесувал 2,7%.

    Анализата покажува дека годинава најголем пораст од 9,9% е забележан во научните и административни сектори.

  • Економија 12.06.2015 15:46

    Расте бројот на странски туристи

    Во април Македонија ја посетиле 52.298 туристи што е зголемување за 17,6 проценти во споредба со тој месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
     
    Ноќевањата во овој месец се зголемени за 10,3 отсто и изнесуваат 103. 727. 
     
  • Свет 12.06.2015 15:33

    Штрос Кан ослободен од обвинението

    Францускиот суд го ослободи од обвинение поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд и кандидат за француски претседател Доминик Штрос Кан.

    Штрос Кан беше обвинет за сексуално злоставување и дека учествувал во сексуални забави.

Pages