Вести
-
Економија 12.06.2015 15:26
Раст на БДП во првиот квартал од 3,2 отсто
Во првиот квартал годинава стапката на раст на БДП изнесува 3,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. -
Свет 12.06.2015 15:08
УНЕСКО го осуди нападот на Сана во Јемен
Организацијата за заштита на културното наследство на Обединетите Нации, УНЕСКО го осуди утринскиот напад на саудиското воено воздухопловство врз Сана во Јемен во којшто речиси е уништен дел од стариот град.
-
Македонија 12.06.2015 15:01
Препорака од надлежните- почеста контрола на пациентите со дијабетес
Почеста контрола на пациентите со дијабетес, за да се спречат компликации - препорака од надлежните. За тоа неопходно е проширување на инсулинските центри, отворање нови амбуланти и вклучување повеќе доктори од целата држава.
-
Македонија 12.06.2015 14:57
Јолевски: Македонија заслужува и е целосно подготвена за членство во НАТО
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски учествува на Глобалниот форум „Вроцлав 2015“, што денеска и утре се одржува во Полска. Јолевски се обрати на панелот посветен на „Патот кон европа“, модериран од Марцин Заборовски, директор на полскиот Институт за меѓународни работи.
-
Македонија 12.06.2015 14:17
„Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата
Првата детска амбасада „Меѓаши“ го презентира извештајот за остварување на правата на децата во земјава, подготвен од Македонската национална коалиција за првата на детето. Вклучувањето на децата Роми и децата со посебни потреби во образовниот процес останува горлив проблем.
-
Македонија 12.06.2015 14:13
ЈП Водовод воведе терминали за брзо плаќање на сметките
Од денеска граѓаните сметките за вода ќе можат да ги платат на дванаесетте нови терминали за брзо плаќање. Во наредниот период ќе се инсталираат уште 18 низ трговските центри и маркетите.
-
Македонија 12.06.2015 13:25
Пронајдени гранати од Прва Светска Војна кај пругата во Битола
Кај битолското село Кравари, при изведување на градежни работи на железничката пруга, М.Д. (56) од Битола пронашол три артилериски гранати од 75мм кои потекнуваат од Прва Светска Војна.
Истите се подигнати од лице место од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
-
Македонија 12.06.2015 13:18
Метео: Во текот на викендот натпросечни температури
Во текот на викендот под влијание на многу топла воздушна маса од југ во Македонија се очекуваат натпросечни температури за овој период од годината.
Во попладневните часови е можна изолирана локална појава на краткотраен дожд и грмежи, особено во недела.
-
Свет 12.06.2015 13:11
Австралија на оригинален начин се справува со емигрантите
Австралиски воен брод им платил на капетанот и на членовите на екипажот, бродот полн со емигранти да го вратат во Индонезија.
-
Македонија 12.06.2015 13:03
Притвор за четворицата криумчари од Ваксинце
Одреден е притвор за четворица жители на Ваксинце, кои вчера беа приведени во селото, во кое полицијата во 5 куќи пронајде 128 мигранти, државјани на Сирија и на Ирак. На двајца од приведените им е одреден 8- дневен притвор, а на другите двајца притвор од 30 дена.










