Проблемите со „Комунална хигиена“ не престануваат. Се собира отпадот, ќе има нафта до избори. Оставката на директорот Рустеми е напишана, но дали е валидна и дали е доставена до Градот Скопје?
Анита Димитријевска-Велковска известува.
Проблемите со „Комунална хигиена“ не престануваат. Се собира отпадот, ќе има нафта до избори. Оставката на директорот Рустеми е напишана, но дали е валидна и дали е доставена до Градот Скопје?
Анита Димитријевска-Велковска известува.
Зголемен број заболени од грип во споредба со минатата сезона, но помалку во однос на претходната недела. Каде е регистриран најголем број заболени од грип?
Андријана Ѓурческа известува.
Големи проекти и ветувања во програмите за овие локални избори. Најголем акцент е ставен на инфраструктурните проекти. Колку се реални и кои се проценките на бизнис-заедницата за инвестициите?
Борис Грујоски разговара со претседателот на ССК, Горан Ѓорѓиевски.
Утринава почна дистрибуцијата на 1.013.357 избирачки ливчиња за вториот круг од локалните избори, информираат од ДИК. Вториот круг на гласање ќе се одржи в недела и ќе се бираат градоначалници во 32 општини и во градот Скопје.
Александра Максимовска известува.
Две деца се извлечени мртви од урнатините на седумкатница што се урна во турскиот град Гебзе. Спасена е 18-годишна девојка од петчлено семејство кое било во зградата во моментот на несреќата.
Израел изврши нов напад на северот од Газа и покрај обновеното примирје. Има загинати. Тврдат дека трагетирале складиште за оружје.
Во четири општини- Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше нема да се гласа в недела, бидејќи на првиот круг од локалните избори не беше постигнат законскиот цензус од една третина излезност.
Француската полиција уапси уште пет лица во истрагата за кражбата на накит вреден 88 милиони евра од музејот Лувр во Париз, со што бројот на приведени се зголеми на седум.
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова синоќа присуствуваше на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.
Ураганот Мелиса-една од најмоќните бури на Атлантикот во последните 150 години, остави пустош на Карибите. Загинаа десетици луѓе. Јамајка е најтешко погодена со 77 насто од земјата без струја и прогласена зона на катастрофа.