Вести

  • Економија 07.05.2015 16:45

    Туризмот расте- понудата збогатена

    Охридско- струшко крајбрежје, нови хотели со богати содржини, во моментов се нудат на странците. Домашните туристички агeнции веќе петта година работат и вински тури.

  • Македонија 07.05.2015 16:32

    Одбележан Денот на полицијата

    Сакам да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност во работата со кои се гордеат граѓаните на Република Македонија, стои во честитката од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, по повод Денот на полицијата.

  • Македонија 07.05.2015 16:20

    Загина градежен работник од Гостивар

    62-годишен гостиварец загина откако паднал од скеле додека изведувал градежни работи на приватен објект. Бразата помош само ја констатирала смртта.

    Полицијата се уште ги утврдува причините кои ја предизвикале несреќата. 

  • Економија 07.05.2015 16:17

    НБРМ: Раст на БДП од 4,1% во 2015-та

    Народната банка останува на проекцијата – економијата годинава ќе расте со стапка од 4,1%, за да забрза до 4,5% во 2016-та.

  • Свет 07.05.2015 16:02

    Сараево: Закана дека ќе ја кренат во воздух зградата на телевизијата

    Босанскохерцеговачката радио-телевизија (БХРТ) примила порака со закана дека нивната зграда во Сараево ќе биде крената во воздух. Зголемени се мерките на безбедност и се спроведува истрага, потврдила портпаролката на Државната агенција за истрага и заштита(СИПА) Кристина Јозиќ.

  • Свет 07.05.2015 15:59

    Неколку торнада ја зафатија Оклахома

    Неколку торнада едно по друго ја зафатија Оклахома, во близина до најголемиот истоимен главен град на оваа американска држава. Поминале југозападно од Оклахома Сити. Нема информации за повредени, но снимките покажуваат дека некои објекти се срамнети со земјата.

  • Македонија 07.05.2015 15:46

    Приведени две лица осомничени за оружениот инцидент во тетовско

    Полицијата привела две лица на 54 и 29 години под основано сомнение дека биле вклучени во вооружениот инцидент што се случил во близина на селото Мерово во општина Желино.

  • Култура 07.05.2015 15:38

    Со операта „Магбет“ ќе се отворат Мајските оперски вечери

    Операта „Магбет“ од Џузепе Верди, во режија на Марко Спада, под диригентската палка на Џанлука  Мартиненги, ќе ги отвори 43-тите Мајски оперски вечери. Операта зборува за настани кои секогаш се присутни во човековата историја, како што се борбата за моќ и крвопролевањето, рече Спада.

  • Македонија 07.05.2015 15:04

    Двајца приведени по вчерашниот протест пред Собранието

    Во текот на вчерашниот ден, по протестите одржани пред Собранието на Република Македонија се приведени две лица на кои им се поднесени прекршочни пријави, информира денеска помошник министерот за внатрешни работи Иво Котевски, во касарната Ѓорче Петров каде што по повод одбележувањето на Денот
  • Македонија 07.05.2015 13:02

    Јанкулоска: Полицијата е гарант на безбедноста на граѓаните

    „Сакам да ви се заблагодарам за вашата пожртвуваност, професионализам, хуманост и посветеност во работата со кои се гордеат граѓаните на Република Македонија“,стои во честитката од министерката за внатрешни работи Јанкулоска, по повод Денот на полицијата.

Pages