Околу 50 милиони Британци гласаат на парламентарни избори. Исходот е непредвидлив, анкетите прогнозираат околу 34 проценти од гласовите за конзервативците на Камерон и 33 за лабуристите на Милибанд.
Вести
-
Свет 07.05.2015 12:41
-
Македонија 07.05.2015 12:38
Двојно убиство во тетовско
Изутрината околу 7 часот покрај патот за селото Седларево, кај месноста Јабланица со огнено оружје биле усмртени двајца браќа од селото Мерово, на возраст од 24 и 25 години.
-
Македонија 07.05.2015 12:34
О’Саливен: Проширувањето на ЕУ треба да продолжи со земјите од Западен Балкан
Европа нема да биде цела, слободна и мирна без интеграцијата на сите земји од Западниот Балкан, изјави европскиот амбасадор во Вашингтон Дејвид О’Саливен за Македонската телевизија.
-
Економија 07.05.2015 12:25
Караванот „Купи куќа, купи стан“ денеска во Гевгелија
Карванот „Купи куќа, купи стан“ денеска е во Гевгелија. Претставници на Министерството за финансии, на банките и на локалните градежни компании ќе презентираат подетални информации за начинот и условите за аплицирање и користење на субвенциите.
-
Македонија 07.05.2015 12:18
Обвинителството побара притвор за четворица учесници во протестите пред Владата
Скопското основно јавно обвинителство предложило да се определи мерка притвор за четири лица, кои учествувале во протестите пред владата во вторникот, откако министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за делото „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено д
-
Македонија 07.05.2015 12:00
Почнува меѓународниот саем за туризам – „Скопје травел маркет 2015“
Почнува 5-от по ред Меѓународен саем за туризам – „Скопје травел маркет 2015“. На манифестацијата ќе се претстават бројни туристички агенции, хотели и тур-оператори од македонија и од странство.
-
Свет 07.05.2015 11:57
Главниот римски аеродром затворен поради пожар
Главниот римски аеродром Фјумичино е затворен откако избувнал пожар во просториите за багаж. Нема потешко повредени, а најмалку три лица добиле медицинска помош затоа што вдишале чад.
Пожарот е згаснат, но аеродромот ќе биде затворен до 14 часот, јавуваат италијанските медиуми.
-
Македонија 07.05.2015 11:52
Охрид ќе добие современа меѓуградска автобуска станица
Македонскиот туристички бисер за две до четири години ќе добие модерна автобуска станица. Објектот ќе чини неколку милиони евра, а ќе има приземје, четири ката, потпокрив и придружни објекти, кои ќе ги исполнуваат европските стандарди и ќе ги задоволуваат сите потреби на патниците.
-
Економија 07.05.2015 11:46
Расте интересот на инвеститорите за велешките зони
Иако сеуште целосно неоформена, индустриската зона „Мамутчево“ почна да се полни. Првиот инвеститор и официјално доставил писмо со намери до локалната самоуправа. Ова за експертите е потврда дека сликата во Велес се менува, општината го враќа стариот примат „индустриски град“.
-
Македонија 07.05.2015 11:39
Попладне- пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Македонија денеска ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.










