Вести
-
Македонија 22.04.2015 14:36
Онлајн плаќање радиодифузна такса
Радиодифузната такса отсега може да се плаќа онлајн со користење на електронските услуги на УЈП е-Радиодифузна такса. -
Свет 22.04.2015 14:08
Беспилотно летало со знак за радијација предизвика паника во јапонската влада
Паника во кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе, откако беспилотно летало со ознака за радиоактивен материјал, слетало на Владината зграда.
-
Свет 22.04.2015 13:51
Штрајкови во Белгија и Германија
Штрајкот на работниците од јавниот сектор речиси целосно го блокираше Брисел и уште неколку градови во Белгија. Поголемиот број училишта и државни претпријатија се затворени. Претставници на Синдикатот соопштија дека протестите се реакција на Владата да воведе мерки за штедење.
-
Свет 22.04.2015 13:44
Во Франција уапсен 24 годишен студент, подготвувал напади на цркви
Француската полиција уапси 24-годишен студент, кој се сомничи дека подготвувал напади врз цркви. Момчето и било познато на полицијата поради неговите контакти и чести патувања во Сирија.
-
Свет 22.04.2015 13:37
Штрајк на лекарите во јавното здравство во Словенија
Словенечките лекари вработени во јавното здравство одржаа едночасовен штрајк, кој не предизвика поголем застој во здравствените установи, но за 28 мај најавија нов, целодневен штрајк, доколку не се исполант нивните барања за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.
-
Македонија 22.04.2015 13:14
Грозоморен чин: Новинарот Борјан Јовановски доби погребен венец
Смртни закани за новинарот Бојран Јовановски. Во семејната куќа вчера бил доставен погребен венец со натпис „Последен поздрав“. Нагласувајќи дека е поздрав од Тодор Александров, курирот и го предал венецот на неговата сопруга која настанот го пријавила во полиција.
-
Економија 22.04.2015 13:11
Македонија со напредок во областа на информатиката
Македонија е во ТОП 10 –те земји кои најмногу напредувале во областа на информатиката изминативе три години.
-
Македонија 22.04.2015 13:01
Државниот врв го осуди инцидентот кај Гошинце, бара да не се злоупотребува
Шефот на државата Иванов, од надлежните институции од одбраната,безбедноста и разузнавањето бил информиран за инцидентот во липковскиот регион. На синоќешниот состанок во вилата Водно,што траел до доцна во ноќта,државниот врв со осуда за нападот.
-
Свет 22.04.2015 12:12
Британија се приклучува кон потрагата и спасувањето на мигрантите во Медитеранот
Велика Британија ќе учествува во потрагата и спасувањето на мигрантите во Медитеранот.
-
Македонија 22.04.2015 12:01
Две пресуди за „Јустиција“
По една година условна казна затвор, која нема да се изврши доколку во наредните 3 години не сторат друго кривично дело. Ова е пресудата за двајца судии во случајот „Јустиција“ изречена за „несовесно работење“ во скопскиот Прекршочен суд.










