Наградата за актерско животно дело „Петре Прличко“ годинава ја доби Александар Ѓорѓиев, првиот дипломиран актер од Велес.
Ѓорѓиев досега остварил голем број улоги, а повеќе години беше на чело на Велешкиот театар.
Наградата за актерско животно дело „Петре Прличко“ годинава ја доби Александар Ѓорѓиев, првиот дипломиран актер од Велес.
Ѓорѓиев досега остварил голем број улоги, а повеќе години беше на чело на Велешкиот театар.
Синикатите најавиле дека во текот на целодневниот штрајк ќе го почитуваат минимумот од процесот на работата.
Претстојната посета на Србија претставува нов почеток за целиот Балкан, порача премиерот на Албанија Еди Рама, во пресрет на неговата посета на Белград.
Падот на температурата на Косово предизвика продолжување на режимот на рестрикции, поради што оддалечените села и помалите градови остануваат во мрак до десет часови дневно.
Наместо завршни зборови, екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошковски побара изземање на судијата Илија Трпков кој го води случајот „Ровер“ и негово психијатриско судско вештачење, со коешто ќе се утврдело дали тој може да го води процесот.
Денес во ОУ „Јосип Броз Тито“ вратите беа затворени. Децата не се на настава затоа што Советот на родители реши така. Децата повторно ќе се вратат во училишните клупи кога ќе има и нафта за греење.
Американската престолнина Вашингтон и државата Орегон гласале за легализација на марихуаната, додека граѓаните на Флорида ја отфрлиле можноста за озаконување на марихуаната за медицински цели.
„Бугарија е на чекор од спасот“, на повидок е договор за формирање нова коалициска Влада предводена од лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов.
Се ажурираат податоците во регистарот на корисници на услугите на Водовод. Ќе се елиминираат неточните информации. Во следните три месеци инкасаторите од врата на врата, ќе ги контактираат граѓаните директно во домовите.