Невреме со силен дожд и град синоќа по 19 часот го зафати прилепско Тополчани. Поплавени куќи и уништен род на тутун и градинарски култури.
Жителите цела ноќ стравувале.
Невреме со силен дожд и град синоќа по 19 часот го зафати прилепско Тополчани. Поплавени куќи и уништен род на тутун и градинарски култури.
Жителите цела ноќ стравувале.
На 5 илјади припадници на ирачкото етничко малцинство Јазиди им се заканува смрт од глад во наредните 24 часа. Останале блокирани на планината во близина на Синџар поради борбите на курдската пешмерга и на сунитските џихадисти.
Во Каиро се во тек индиректни разговори меѓу палестинските и израелските претставници. Државниот секретар на САД Кери ги повика двете страни да го искористат тридневното примирје за пошироки преговори.
Бесплатен е железничкиот превоз за студентите секој четврток во месецот. Со нова одлука на Владата се овозможува и поевтино патување за 50 проценти од вредноста на билетот за сите ученици и студенти во текот на целата година.
Нема петта жртва на листеријата. Институтот за јавно здравје од Кочани ја демантира информацијата објавена на неколку портали во земјава, како и на кочанската телевизија.
Светот се уште ги чувствува последиците од хавариите од нуклеарките во Чернобил и Фукушима. 28 години по катастрофата во Чернобил, за 2.000 пати се зголемија канцерогените заболувана во Украина.
Нова одлука на Владата за учениците и студентите. 50 насто намалување на цената на билетите за железничкиот превоз. Студентите ќе можат од утре, секој четврток во месецот да ги користат овие бесплатни поволности.
Силно невреме проследено со поројни дождови и моќен ветер предизвикаа поплави во текот на изминатата ноќ во Западна и Централна Србија.
Нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра почна да се реализира во Општина Илинден.
Шест лица за три дена се повредени од огнено оружје за време на две свадба во гостиварското село Чегране и во струшкото село Џепин.