Со три сина на радоста и нема крај, Јосиф Јаков и Дамјан се првите рожби на велешаните Наташа и Јордан. Бебињата се долго чекани па отука и големата возбуда на бабите и дедовците, кои се од голема помош во нивното одгледување.
Вести
-
Македонија 07.07.2014 17:22
Родени тројки во Велес
-
Економија 07.07.2014 17:08
Нов погон на „Комфи Ангел“ во Прилеп
Британско-македонската компанија Комфи Ангел од Прилеп продолжува со инвестициите. За 10 годишниот роденден најавуваат отворање на нов погон, инвестиција тешка 2 милиони евра, а на постоечките 900 вработени од оваа фирма најавуваат уште нови над 100 вработувања.
-
Македонија 07.07.2014 17:04
Која е вистинската природа на протестите?
МТВ побара одговор од познавачите. Новинарката Велиновска вели дека е очигледнодека зад протестите стојат радикални происламски елементи.
-
Свет 07.07.2014 17:01
Меркел во Кина: Потпишани договори тешки милијарди евра
Економските гиганти на Европа и на Азија, Германија и Кина ја интензивираат соработката. Канцеларката Меркел, за време на тридневната посета на Пекинг, од кинескиот колега Ли Кечијанг побара поголем пристап до кинескиот пазар.
-
Македонија 07.07.2014 16:52
МНР: Ослободен македонскиот инжинер во Либија
Градежниот работник Милјазим Гафури од Ново Село, Боговиње, е ослободен и се наоѓа во италијанската амбасада во Триполи, соопштуваат од македонското министерство за надворешни работи. Амбасадорот од Македонија во Египет вели дека се во постојан контакт со либиската амбасада.
-
Македонија 07.07.2014 16:47
Милошоски: Самарас со своето однесување не прави ништо добро
Солидарноста во Европарламентот не би требало да биде безусловна, особено со некој кој ги прекршил правилата на ЕУ како што тоа го направи грчкиот премиер со неговата екстремна изјава во однос на европските вредности дека не постои македонски јазик.
-
Свет 07.07.2014 16:01
После поплавите во Србија, мака со комарците
Годинава е идеална за комарци, поплавите оставија многу вода што е идеално за развој на комарците, вели епидемиологот од Воено-медицинската академија Жељко Јадранин.
-
Свет 07.07.2014 15:55
САД забранија внесување на исклучени мобилни телефони во авионите
Поради загриженост дека Ал Каеда има произведено нови видови на бомби кои можат да ги помнат безбедносните проверки на аеродромите, САД донесоа одлука да не се дозволува внесување на исклучени мобилни телефони во американските авиони, од некои аеродроми во Европа, Блискиот Исток и Африка.
-
Македонија 07.07.2014 15:34
Градежните работи на патот Велес- Кадрифаково течат според планираната динамика
До крајот на 2015-та година регионалниот пат Велес- Кадрифаково ќе стане магистрална делница. Се работи на втората фаза на рехабилирацијата или пробивање на деветте километри.
-
Македонија 07.07.2014 15:30
Љубителите на екстремни спортови добија модерен скејт парк
Љубителите на екстрамните спортови добија свое место во Скопје. Скејт паркот е направен по европски стандарди, влезот во него е бесплатен и ќе работи нонстоп 24 часа. Атрактивниот простор нуди добра забава и рекреација.










