Американскиот претседател Трамп го намалува значењето на повторното отворање на Ормускиот теснец, откако Техеран го одолговлекува договорот со Оман, поставувајќи нови услови. Наместо нова голема воена офанзива, Трамп сега најавува засилен економски притисок врз Исламската република.
Вести
-
Свет 10.08.2026 18:17
-
Македонија 10.08.2026 17:58
Долги колони, граѓаните трпеливи
Долги колони возила на граничниот премин Табановце, на македонско-српската граница. Редици за влез но и за излез од земјава. Вообичаена слика во летната сезона.
-
Македонија 10.08.2026 17:48
Двегодишно дете се затруло со лекови
Нов случај на затруено дете во Куманово. Вчера во болницата е донесено двегодишно дете, кое се затруло со лекови. Третирано е во одделението за педијатрија, а откако му била укажана медицинска помош, детето денеска е пуштено на домашно лекување.
-
Македонија 10.08.2026 17:42
Висок ризик од пожари на речиси целата територија на Македонија
Речиси целата територија на Македонија е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, покажува последниот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС.
Според податоците, исклучок се само повисоките делови на Шара, каде што индексот е понизок.
-
Македонија 10.08.2026 17:35
Мицкоски: Жртвата на бранителите е траен потсетник дека мирот има своја цена
Жртвата на бранителите е траен потсетник дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена – ова е пораката што на денот кога ја одбележуваме годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила ја испрати премиерот Мицкоски.
-
Македонија 10.08.2026 17:20
Високи температури следните два дена, од четврток мало освежување
Утре времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.
Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.
-
Македонија 10.08.2026 17:12
Истрагата со питката вода во Гостивар е во напредна фаза
Истрагата со питката вода во Гостивар е во напредна фаза. Досега се прибрани голем дел од доказите и сослушани се дел од сведоците, велат за МТВ од Обвинителството. Во случајот се вклучи и Финансиската полиција, која го „тресе“ проектот за водоснабдувањето на градот.
-
Македонија 10.08.2026 16:56
Четврти ден протест на земјоделците во Струмица
Струмичките земјоделци не отстапуваат од своите барања. Тие и денес на протест и блокада за повисоки откупни цени на ајварката оваа сезона.
-
Свет 10.08.2026 16:47
Тајфунот „Делфин“ ја погоди Кина, евакуирани над милион луѓе
Тајфунот „Делфин“, најсилниот тропски циклон годинава, го погоди источниот брег на Кина со ветрови од 151 километар на час и обилни дождови.
Над еден милион луѓе се евакуирани, а најголем дел од нив во покраината Жеџијанг.
-
Македонија 10.08.2026 16:31
МВР: 18-годишник уапсен во Скопје, со сила ограбил 70-годишна жена
Случајот се случил на 9 август околу 12:20 часот на подрачјето на Центар. Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.И. (18) од Кочани, постапувајќи по претходната пријава.









