Во израелски напад врз бегалски камп во северен Либан е убиен функционерот на Хамас, Саид Атала Али и неговото семејство. Нападот се случува еден ден откако друг израелски воздушен напад го отсече главниот автопат што го поврзува Либан со Сирија.
Вести
-
Свет 05.10.2024 18:29
-
Македонија 05.10.2024 17:54
АХВ препорача механички да се исчисти филтер станицата и резервоарите во Струмица
Агенцијата за храна и ветеринарство му наложи на струмички Комуналец да спроведе механичко чистење и хиперхлорирање на водата од целиот систем.
-
Економија 05.10.2024 17:30
Се избегнува намалувањето на цените
Маржите се ограничени, но трговците и производители најдоа начин како да ги избегнат, Државниот пазарен инспекторат открил дека големите трговски ланци и производители манипулираат со нови производи со помала тежина за да ја избегнат мерката.
-
Македонија 05.10.2024 17:12
Мицкоски: Сакаме решение, уцени не прифаќаме
Сакаме решение кое ќе биде достоинствено. Уцени и ултиматум не прифаќаме, а нашата цел е јасна, истакна премиерот Мицкоски по реакцијата на бугарското МНР дека процесот на евроинтеграции се заснова на сопствените заслуги и не дозволува посредување меѓу Европската Унија и земја-кандидат.
-
Македонија 05.10.2024 17:03
Почина 14-месечно девојче на Детска клиника
Надлежните институции ќе проверуваат, дали има пропусти при лекувањето на 14-месечното бебе кое почина на Детската клиника со тешка респираторна инфекција.
-
Македонија 05.10.2024 16:05
Пирамидалната шема „Конти“ ги „олесни“ џебовите на македонските граѓани, Тошковски апелира на внимателност
Пирамидалната шема „Конти“ за брза заработка ги „олесни“ џебовите на над 10.000 македонски граѓани. Засега ниту еден непријавил во МВР дека бил жртва на измама, информираше министерот Тошковски кој изрази загриженост за ваквиот вид криминал поврзан со потенцијална инвестиција.
-
Македонија 05.10.2024 15:02
За 80 проценти зголемена нега за други лица во Прилеп
За 80 проценти е зголемен бројот на корисници за помош и туѓа нега. И не само за стари над 65 години. Старосната граница се намалува, заболувањата и кај стари и кај помлади, се зголемуваат.
-
Економија 05.10.2024 14:02
Сложени состојби во рудниците на РЕК- Битола
Состојбите во рековските копови посебно рудникот Суводел се сложени. Од технички аспект на експлоатација копот се наоѓа во стеснати услови.
-
Свет 05.10.2024 13:10
Села и градови целосно под вода, затрупани домови, над 20 жртви во поплавите во БиХ
Села и градови целосно под вода, затрупани домови од свлечишта – стравотни слики го обиколуваат светот по катастрофалните поплави што погодија делови од Босна и Херцеговина. Расте бројот на загинати и повредени. Десетици лица сè уште се водат како исчезнати.
-
Македонија 05.10.2024 12:51
Дали авторитетот на наставниците во традиционална смисла слабее?
Односот ученик просветен работник, некогаш и денес. Станува ли најблагородната професија, најнеблагодарна? Го губат ли авторитетот просветните работници кај своите ученици и зошто?










