Турската полиција спроведе рација против осомничени поддржувачи на Иламска држава во Истанбул, при што уапси 62 лица, од кои 58 странци.
Не е позната нивната националност, а локалните медиуми јавуваат дека тие најверојатно ќе бидат депортирани.
Турската полиција спроведе рација против осомничени поддржувачи на Иламска држава во Истанбул, при што уапси 62 лица, од кои 58 странци.
Не е позната нивната националност, а локалните медиуми јавуваат дека тие најверојатно ќе бидат депортирани.
„СДСМ се обидува со сеење страв да ги добиe изборите. Сведоци сме на психолошка војна- притисоци, уцени, закани дека ќе се бркаат луѓе од работа, сведоци на поткуп за гласови.
Кандидатот за градоначалник и лидер на движењето БЕСА, Биљал Касами заедно со коалицискиот партнер Зијаден Села денес во Тетово остварија средба со албанските интелектуалци, а потоа продолжија на средби со граѓани. Касами говореше за коалицијата со Алијансата.
Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ ќе биде мотор на знаењето во истокот од земјата. Владата ќе ја гарантира неговата автономија, а стандардот на студентите ќе расте. Ќе вложуваме и во капацитетот на студентските домови. Ова го изјави лидерот на СДСМ – Зоран Заев на митингот во Штип.
ДУИ е најподдржана сила со најмногу гласови од Струга до Куманово и Липково, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, на средбата со граѓаните во општина Боговиње.
Во пресрет на декемврискиот Самит на Европската унија, на која една од главните теми ќе биде и натамошната интеграција на земјите од Западниот Балкан, шефот на македонската држава, Иванов побарал од претседателот на Советот, Туск деблокирање на Македонија и почеток на пристапните преговори.
Недвижниот имот на Скопски саем е продаден, но компанијата ќе продолжи да организира саеми- вели извршниот директор Дејан Кошутиќ. Бугарската фирма „Кардифинанс“ е нов сопственик на брендот, парцелата и објектите.
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе претежно сончево и ведро време со слаб ветер од северен правец и со повисоки дневни температури од денешните.
Максималната температура ќе достигне до 21 степен. Скопје утре со температура до 19 степени.
Комисијата за следење на евентуални изборни нерегуларности при Јавното обвинителство на Република Македонија апелира до граѓаните, граѓанските организации, лидерите и членовите на политичките партии за време на изборниот процес да се воздржат од преземање дејствија со кои стануваат сторители на к
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. На почетокот на агендата, Иванов се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.