Според прогнозата на Европската комисија годинава, Република Македонија се очекува да забележи економски раст од 3,2%. Тоа би бил шести резултат во Европа, зад Романија која е лидер со 4,4% раст на БДП.
Вести
-
Економија 13.02.2017 14:36
-
Македонија 13.02.2017 14:22
Метео: Намалување на облачноста, повисоки дневни температури
Од утре облачноста во Македонија ќе почне да се намалува и ќе преовладува претежно сончево и ведро време со пониски утрински и повисоки дневни температури.
Во утринските часови минималната температура ќе падне на -9, а во текот на денот максималната ќе достигне до 10 степени.
-
Свет 13.02.2017 14:14
Најмалку четири жртви во лавина на француските Алпи
Најмалку четири лица загинале во голема снежна лавина на француските Алпи. Спасувачките служби испратиле хеликоптер за да извлечат уште неколку скијачи за кои се претпоставува дека се заробени на височина од околу 2.000 метри.
-
Македонија 13.02.2017 14:08
Честитка од Иванов до новиот германски претседател Штајнмаер
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до Франк Валтер Штајнмаер по повод изборот за претседател на Сојузна Република Германија, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.
-
Свет 13.02.2017 13:54
Сирија: Владата е подготвена за размена на затвореници
Сириската влада соопшти дека е подготвена да ослободи затвореници во замена за цивили и војници кои ги држат бунтовниците.
Неименувано официјално лице изјавило дека понудата била дадена во очи дводневната мировна конференција која неделава треба да се одржи во Астана.
-
Македонија 13.02.2017 13:14
МОН: Во првото полугодие реализирани над 5 илјади советувања на родители на ученици
Во првото полугодие од учебната година се реализирани над 5 илјади советувања на родители, поради намалениот успех на учениците. Целта е, велат од ресорот образование, поголема вклученост и заитересираноста на родителите во воспитно образовниот процес.
-
Македонија 13.02.2017 13:14
На Меџитлија влез само за цистерните со нафта
Продолжува блокадата на македонската граница од грчка страна. И натаму протестираат земјоделците, кои бараат даночни олеснувања во аграрот.
За да се избегне нафтена криза, од денеска на Меџитлија се пропуштаат само цистерните со деривати и нафта.
-
Македонија 13.02.2017 13:07
На новото рочиште за „Диво насеље“ искази на сведоци на одбраната на обвинетите
Продолжува судењето за случајот „Диво насеље“ за кумановските настани што се случија во мај 2015-та година. Како и претходното, и ова рочиште е отворено за јавноста.
-
Македонија 13.02.2017 11:59
ОЈО: Постапка за изборни нерегуларности е отворена уште во 2016-та година
Скопското Основното јавно обвинителство за изборни нерегуларности има отворено постапка уште во 2016-та година.
-
Свет 13.02.2017 11:52
Борци на ИД превезуваат експлозив кон Палмира, предупреди Русија
Руското министерство за одбрана предупреди дека борци на Исламска држава превезувале експлозив кон Палмира, со цел максимално да ги уништат архитектонските споменици пред да се повлечат од древниот сириски град.










