Драстично е намален бројот на новозаболени од грип во земјава. Минатата недела биле регистрирани околу 560 пациенти или двојно помалку од претходната. Но, епидемиолозите предупредуваат- сезоната на грип не е завршена.
Вести
-
Македонија 10.02.2017 15:51
-
Македонија 10.02.2017 15:45
Ибрахими: Надлежните проверуваат дали луѓето од поплавените региони имаат услови да се вратат дома
Голготата на раселените од поплавите продолжува. И по шест месеци голем дел од нив сѐ уште не можат да се вратат дома. Велат- да имавме услови немаше половина година да седиме во „Сениќ“. Ваква е состојбата и во семејството Калеши.
-
Македонија 10.02.2017 15:38
Курц во недела во посета на Македонија
Претседавачот со ОБСЕ за 2017-та година и министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, в недела ќе престојува во работна посета на Република Македонија- информира македонското Министерство за надворешни работи.
-
Економија 10.02.2017 15:21
Завршува откупот на тутунот
Завршува откупот на тутунот во земјава. Главнината на реколтата, преку 21 000 тони, веќе ја презедоа девете откупувачи со просечна цена од 196 денари. Остануваат неполни илјада тони, тутутнарите да го предадат на вагите. Реколтата квалитетна, производителите, главно задоволни.
-
Свет 10.02.2017 15:15
Нов Зеланд: Битка за спас на китовите
Повеќе од 300 китови угинале откако се насукале на брегот на Златниот залив во Нов Зеланд. Волонтерите успеале да вратат педесетина назад во морето за време на плимата, но, водата ги враќала на брегот.
-
Свет 10.02.2017 15:10
Франција: Антитерористичките единици уапсија тинејџерка за планирање на напад
Француските антитерористички единици уапсиле четворица, меѓу кои и 16-годишно девојче за подготовки на терористички напад. Доказ кој оди во прилог на истрагата се и пораките за џихад кои девојката ги објавувала на социјалните мрежи.
-
Македонија 10.02.2017 15:04
Средби: Партиите му ги соопштија позициите на Хан
Резултатите од изборите, создавање коалиција и зрелоста на ситуацијата за нови парламентарни избори биле главните теми на разговорите на еврокомесарот Хан со политичките партии.
-
Македонија 10.02.2017 14:52
Доделени сертификатите за 33 теренски возила, донација од ЕУ
Деноноќно на границата кон Грција се македонските полицајци и војници, но и 120-те припадници на безбедносните сили од неколку земји на Унијата и од Србија. Целта е иста- запечатување на Западно- балканската рута.
-
Македонија 10.02.2017 14:47
Хан: Партиите да продолжат со преговорите за формирање Влада
Да се донесе одлука во интерес на земјата, граѓаните, европската перспектива- порака од еврокомесарот Хан по завршувањето на посетата. Вели дека Европската унија ќе стори сѐ да ѝ помогне на Македонија и на политичките лидери.
-
Свет 10.02.2017 14:12
Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи што ги одобри Парламентот минатиот месец со цел да се смени политичкиот систем на земјата.
По објавата во државниот весник, стартува 60-дневниот рок по што ќе биде организиран референдум.










