Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Македонија. Ќе учествува на министерскиот состанок за енергетика на земјите од Западен Балкан.
Вести
-
Македонија 08.02.2017 10:42
-
Македонија 08.02.2017 10:37
Стејт Департмент: Политиката на САД кон Македонија не е променета
Политиката на САД кон Македонија не е променета, САД гo признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ова за Гласот на Америка на албански јазик го изјавил официјален претставник на Стејт Департментот во Вашингтон.
-
Македонија 08.02.2017 10:31
Евзони сѐ уште затворен
Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони сѐ уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени.
-
Македонија 08.02.2017 10:28
ОМД бара разрешување на конгресменот Рорабакер
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека со крајно неодговорниот напад против Република Македонија и повикот за нејзина поделба, конгресменот Дана Рорабакер, Републикански претставник од Калифорнија, уште еднаш се посрамотил самиот, неговите гласачи и партијата.
-
Македонија 08.02.2017 10:23
Јолевски на состанок на министри за одбрана и за внатрешни работи во Виена
Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува и ќе се обрати на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, како и земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Виена, Австрија.
-
Свет 08.02.2017 10:20
Шкотскиот парламент симболично гласаше против планот за Брегзит
Шкотскиот парламент гласаше против планот на британската премиерка Тереза Меј за излез од ЕУ.
Тоа е симболичен, незадолжителен глас, кој ја нагласува поделеноста меѓу четирите нации на Обединетото Кралство на прашањето за Брегзит.
-
Свет 08.02.2017 10:16
Трамп: Сите членки на НАТО соодветно да дадат финансиска поддршка
Елиот Абрамс, поранешниот советник за Блискиот Исток на претседателот Џорџ Буш ќе биде новиот американски заменик- државен секретар. Ова било прецизирано на средбата во Белата куќа меѓу претседателот Доналд Трамп и државниот секретар Рекс Тилерсон.
-
Македонија 08.02.2017 10:11
Бесплатни технички проекти за мини фарми
За прилогодување на македонското земјоделство и производството на храна според стандардите на Европската Унија е изготвена документација за типски мини фарми.
-
Македонија 07.02.2017 16:57
Прилеп искористил десетици милиони евра европски пари
Водоводни и канализациони мрежи, уредување на речните корита, пречистителна станица. Прилеп за 10 години од европските фондови искористил десетици милиони евра за да ја подобри животната средина, но и животот на граѓаните.
-
Македонија 07.02.2017 16:53
Внатрепартиски консултации за новата Влада
Внатрепартиски консултации на социјалдемократите и интегративците по средбата на претставниците на двете партии. И СДСМ и ДУИ пред лидерите Заев и Ахмети ги ставиле на маса предлозите и аргументите од понеделникот.










