Вести

  • Македонија 06.02.2017 16:09

    Препораки од пулмолозите: Да се избегнува престој на отворено

    Променливото време, загадениот воздух, вирусните инфекции- го намалија имунитетот на децата. Црвено грло, затнат нос, висока температура, по 50-тина дечиња дневно доаѓаат во ординациите на педијатрите. Кај бебиња oд неколку месеци се дијагностицираат бронхитис и други респираторни инфекции.

  • Економија 06.02.2017 15:48

    Поврзување на претприемачите од малите земји

    Најголема пречка за развој на бизнисот во малите земји од регионот е недоволната регионална инфраструктурна поврзаност, како и фактот дека на мал пазар ретко се случува претприемачите да можат да заработат основен капитал за проширување на деловните активности.

  • Македонија 06.02.2017 15:41

    Јанкулоска: СЈО е алатка во функција на СДСМ

    „Специјалното јавно обвинителство одамна го загуби кредибилитетот да води какви било постапки кои се поврзани со правото, меѓутоа го задржа приматот на еден од најистурените организациски делови на СДСМ“- изјави поранешната министерка за внатрешни работи, по распитот во обвинителството.

  • Свет 06.02.2017 15:34

    Брисел: Нема укинување на санкциите спрема Русија

    Брисел порача дека санкциите воведени кон Русија мора да останат во сила се додека помагаат за прекин на борбите во источна Украина.

  • Македонија 06.02.2017 15:28

    Расте интересот: 223 апликации на првиот повик за програмата Еразмус плус

    Расте интересот за програмите за мобилност Еразмус плус. На првиот јавен повик пристигнале 223 апликации до Националната агенција за европски образовни програми. Најголем дел од нив се за проекти за студентски стажирања и мобилност на настаставен кадар.

  • Свет 06.02.2017 14:33

    Барселона: Протести против судењето на поранешниот премиер Мас

    Неколку илјади приврзаници на идејата за отцепувањето на Каталонија од Шпанија, денеска протестираат пред зградата на судот во Барселона, каде му се суди на поранешниот претседател на каталонската регионална влада, Артур Мас, кој е обвинет за противзаконско организарање на референдумот за независ

  • Економија 06.02.2017 14:33

    Од јули директен лет Скопје- Доха

    Директен лет од Скопје до Доха. Од јули „Катар Ервејс“ ќе ја поврзе Македонија со Блискиот Исток. Авиокомпанијата ги почнала процедурите за обезбедување на потребните дозволи- информираат од Министерството за транспорт и врски.

  • Македонија 06.02.2017 14:28

    Германска донација: 4 возила во вредност од 60 илјади евра за Граничната полиција

    Македонската гранична полиција доби 4 автомобили, германска донација, во вредност од 60 илјади евра. Реформските зафати во полицијата најголем дел се должат на партнерството од повеќе европски земји, но и од германското сојузно министерство, нагласи министерот Нухиу.

  • Македонија 06.02.2017 14:19

    Руска амбасада: Излез од политичката криза во рамки на Уставот

    Убедени сме дека излезот од тешката внатрешна политичка криза што ја зафати Република Македонија може да биде најден исклучиво во рамки на постоечкото уставно поле, врз основа на општо признаените норми на демократското општество, оценуваат од Руската амбасада во Скопје.

  • Свет 06.02.2017 14:15

    Испукан балистички проектил во близина на Ријад

    Медиуми блиски до бунтовниците во Јемен тврдат дека Хутите за првпат директно нападнале цел близу Ријад, главниот град на Саудиска Арабија. Според нив, се работи за напад со балистички проектил извршен доцна синоќа кон саудиска воена база западно од Ријад.

Pages