Поради снегот што паѓа од ноќеска во поголемиот дел од државава, патниот, железничкиот и авиосообраќајот се одвиваат во зимски услови, засега без значителни проблеми и застои.
Вести
-
Македонија 05.01.2017 08:07
-
Македонија 04.01.2017 16:29
Отворени понудите од тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје
Отворени се пристигнатите понуди. Конзорциуми составени од домашни и странски компании заинтересирани да го градат новиот клинички центар. Кој ќе ја добие зделката за најголемиот здравствен комплекс ќе се знае најдоцна за три месеци.
-
Македонија 04.01.2017 16:03
Метео: Студено со врнежи од снег и засилен ветер
Утре во Македонија ќе преовладува облачно време со врнежи од снег, најнапред во северните и западните делови, а до крајот на денот снежните врнежи ќе се прошират на територијата на целата наша земја.
-
Македонија 04.01.2017 15:58
Надлежните се мобилизираат пред најавениот поларен бран
Најавените поларни температури и обилни снежни врнежи ќе се пресретнуваат со добра екипираност на болниците и на службите за итна медицинска помош. Надлежните ги обврзаа овие установи да обезбедат кадар, возила, доволни количини лекови и санитетски материјали.
-
Свет 04.01.2017 15:36
Ердоган: Целта на нападот во Истанбул- внатрешни немири и поделба меѓу народот
Турските власти го утврдија идентитетот на човекот кој отвори оган во преполн локал на новогодишната прослава во Истанбул кога загинаа 39 луѓе. Во меѓувреме беа уапсени најмалку пет лица осомничени за учество во инцидентот. Во седумминутниот напад загинаа и многу странски туристи.
-
Македонија 04.01.2017 15:27
ЈСП: Нема проблеми со новиот систем
Метеж пред билетарниците на ЈСП, новиот електронски систем за наплата создава редици пред овластените продажни места. Сепак, од ЈСП Скопје велат дека нема проблеми во функционирањето на системот. Објаснуваат дека е нормално да има потешкотии на почетокот.
-
Македонија 04.01.2017 15:05
Антикорупциска ги одби приговорите на СДСМ
Антокорупционерите ги одбија четирите приговори на СДСМ, за вработувања во јавниот сектор.
-
Македонија 04.01.2017 14:51
ФЗОМ со најголем буџет досега од 26,9 милијарди денари
Фондот за здравствено осигурување на Македонија 2017 година ја почнува со историски најголемиот буџет на институцијата во висина од 26 милијарди и 947 милиони денари.
-
Свет 04.01.2017 14:24
„Еурактив“: Трамп и Путин со најголемо влијание годинава
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин се меѓу десетте личности кои ќе имаат најголемо влијание годинава, пишува независниот европски портап „Еурактив“.
-
Македонија 04.01.2017 13:43
Пронајдена мртва жена во Вардар
Женско лице на возраст од 60 до 70 години е пронајдено вчера во 12:55 часот во грмушки на десниот брег од реката Вардар.
Екипа на Противпожарната заштита го извадила телото, а Итна медицинска помош се обидела да изврши реанимација, но не успеала и констатирала смрт.










