На полноќ почна изборниот молк во пресрет на повторувањето на гласањето утре во избирачкото место 2011 во општина Теарце за предвремените паралемнтарни избори.
Вести
-
Македонија 24.12.2016 10:25
-
Свет 23.12.2016 16:40
Малта: Крај на заложничката драма, киднаперите се предале
Киднаперите на патничкиот авион којшто беше киднапиран на лет од Либија и пренасочен кон Малта се предале. Информацијата ја потврди премиерот на Малта, Џозеф Мускат и додаде дека откако биле претресени, биле приведени во полиција на натамошно испитување.
-
Свет 23.12.2016 15:44
Надворешната политика во фокус на годишната прес- конференција на Путин
Маратонската серија на прашања и одговори е ретка можност за медиумите да разговараат директно со шефот на руската држава на различни теми. Поради минатонеделните настани, во фокусот надворешната политика.
-
Македонија 23.12.2016 15:37
Почна предновогодишната еуфорија
Македонците новогодишната ноќ може да ја дочекаат во Букурешт или Атина за 100 евра. На една недела од Новата година, има интерес за новогодишните аранжмани, велат од туристичките агенции. Најбарани дестинации се традиционалните европски метрополи Париз, Прага, Виена.
-
Македонија 23.12.2016 15:12
Метео: За викендот сончево, температура до 13 степени
За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево време со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 13 степени.
-
Македонија 23.12.2016 15:03
СДСМ потсети на декемвриските случувања во 2012-та година во Собранието
Ден пред изборниот молк, СДСМ и коалицијата потсетија на 24-ти декември и на случувањата во законодавниот дом во 2012-та година. Заев рече дека ќе практикуваат демократска и праведна власт, при носењето на буџетот ќе има јавна дебата со претставници на опозицијата.
-
Економија 23.12.2016 14:55
Синдикалната организација на „Југохром“ бара рестартирање на печките
Синдикатот на Југохром предаде барање до Владината второстепена комисија од која бара побрзо решавање на жалбата на одлуката на државниот инспекторат за животна средина за гаснење на печките на Комбинатот во Јегуновце додека не се изгради системот за отпрашување.
-
Македонија 23.12.2016 14:40
За прегласувањето во Теарце избирачкото ливче останува исто
714 граѓани запишани во избирачкиот список за гласачкото место 2011 ќе можат да го остварат своето избирачко право на прегласувањето в недела. Гласачкото ливче и изводот од избирачкиот список ќе бидат исти како и на гласањето на 11 декември, потврдуваат од ДИК.
-
Македонија 23.12.2016 14:10
Зголемен бројот на пациенти на Пулмологија поради аерозагадувањето
Променливото време, маглата помешана со смог и отровните члестички, ја преполни клиниката за пулмологија. Од ваквото време најмногу страдаат хронично болните од белодробни заболувања. Граѓаните велат, тешко се дише.
-
Македонија 23.12.2016 13:54
За првпат доделени ознаките за прв и главен подофицер во АРМ
Подофицерскиот кор на Армијата претставува синоним за професионализам, стручно знаење и едуцираност. Постои за да овозможи поефикасно функционирање на командувањето.










