„Музеј за сите, Музеј за понесување“ проект преку кој битолскиот Завод и музеј осознавањето на културно- историското наследство го прави подостапно за лицата со инвалидност.
Вести
-
Култура 22.12.2016 16:26
-
Македонија 22.12.2016 16:05
Откажан дочекот на Нова Година на плоштадот „Македонија“
Каролина Гочева, Миле Кузмановски, Адријан Гаџа и Слаткар нема да ги забавувааат скопјани за дочекот на Новата 2017-та година. Градските власти решиле парите новогодишната прослава да ги наменат во хуманитарни цели, информираа преку соопштение.
-
Македонија 22.12.2016 15:25
Аерозагадувањето коси
Зголемена е смртноста од аерозагадувањето. Од 1.000 до 1.200 смртни случаи има на годишно ниво. Акутни и хронични се последиците од загадениот воздух. Болниците се преполни со пациенти. Смртноста кај хроничноболните е сѐ поголема.
-
Македонија 22.12.2016 15:18
ЕУ очекува мирно завршување на изборниот процес и да се формира Влада
Европската унија очекува сите партии да учествуваат на мирен начин на прегласувањето, за да заврши изборниот процес и да се формира новиот парламент и да се избере влада, изјави портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич.
-
Свет 22.12.2016 15:13
13 ирачки војници загинаа во близина на Рамади
Најмалку 13 ирачки војници загинаа во самоубиствен напад западно од престолнината Багдад. Автомобил-бомба експлодирал во колона од воени возила во близина на Рамади, административниот центар на западната провинција Анбар.
Засега не се соопштуваат повеќе детали за нападот и жртвите.
-
Економија 22.12.2016 14:52
Од идната година специјални поволни понуди за одмор на Златибор
Македонските туристи од идната година ќе добијат можност по повластени цени да зимуваат во најпосетуваниот зимски центар во Србија, Златибор. По подолги преговори Сојузот на стопанските комори потпиша меморандум за соработка.
-
Економија 22.12.2016 14:45
Два виртулени оператори го скенираат мобилниот пазар во Македонија
Два виртуелни оператори го скенираат мобилниот пазар во Македонија. Едниот, познат светски бренд ја потврдил одлуката да почне бизнис во држава, велат од Агенцијата за електронски комуникации. Не откриваат детали.
-
Македонија 22.12.2016 14:39
Кампања за мирни и безбедни Новогодишни и Божикни празници
Ова е само презентација, што може да ви се случи кога би запалиле петарда. Децата често пројавуваат желба да го сторат тоа, притоа незнаејќи ги последиците од неа.
-
Македонија 22.12.2016 14:31
Врховен и Кривичен суд со нови претседатели по празниците
После вонредното оценување на кандидатите за претседатели, Советот ќе треба да го испочитува рокот од осум дена за жалба. Претседателот на Судскиот совет, Караџовски посочи дека оценувањето е тајно, и секој кандидат ја добива својата оценка во плико.
-
Македонија 22.12.2016 14:07
Метео: Сончево и стабилно, благ пораст на температурите
Утрешниот ден во Македонија ќе донесе сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Сончевото и стабилно време со мала облачност и со благ пораст на температурите продолжува и за време на викендот.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска










