Вести

  • Македонија 05.09.2016 16:54

    Гинеколог обвинет за смрт на родилка

    Прилепското обвинителство поднесе обвинителен предлог против гинекологот поради чија негрижа почина родилка во февруари годинава. Лекарот е осомничен дека на 18 февруари во прилепската болница „Борка Талески“ во којашто работел не интервенирал на време при породувањето на пациентката.

  • Македонија 05.09.2016 16:45

    Мал е интересот за стручните средни училишта

    Младите имаат сѐ помалку интерес за средните стручни училишта, иако компаниите постојано апелираат дека овие кадри се дефицитарни.

  • Македонија 05.09.2016 16:19

    Седум години од трагичната бродска несреќа во Охрид

    Седум години по бродската несреќа, кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го изгубија 15 бугарски туристи безбедноста во внатрешната пловидба на Охридското Езеро е далеку поголема.

  • Македонија 05.09.2016 16:11

    Избирачкиот список во раце на партиите

    1.770.736 гласачи се запишани во избирачкиот список, податок кој ДИК го доставил и до политичките партии. Забележливо е намалување на гласачите од безмалку 9.400 споредбено со изборите во 2014-та.

  • Култура 05.09.2016 16:01

    Новата сезона на МОБ- најбогата досега

    Мјузиклот „Тајно моја“ во чест на Тоше Проески, прошталниот концерт на легендарните „Леб и Сол“, 180 настани, концерти, опери, премиери. Новата сезона на Македонската опера и балет со најбогата програма досега. Свеченото отворање закажано за 7-ми октомври со гала оперски концерт.

  • Економија 05.09.2016 15:36

    Пратениците расправаат за новиот ребаланс

    Комисиската расправа за предложениот втор ребаланс на Буџетот доцнеше речиси 3 часа, бидејќи во салата немаше претставник од Владата. Претседателот на Комисијата за финансирање и буџет, Марјанчо Николов, рече дека ова претставува непочитување на Законодавниот дом на земјава.

  • Македонија 05.09.2016 15:22

    Совет за етика: Постојана примена на стандарди, не само за избори

    Партиите веќе не ги чекаат изборните кампањи за да ќарат поени кај гласачите. Зашто само тогаш, велат од Советот за етика во медиумите, се мери квантитативно кој колку пренесол, а квалитативното се одработува сега.

  • Македонија 05.09.2016 15:17

    Четиригодишно девојче падна од 7 кат на зграда во Аеродром

    Четиригодишно девојче паднало денеска од 7 кат на зграда на ул. „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.

    Од МВР за МИА информираат дека девојчето паднало околу 10.45 часот и оти со тешки повреди е пренесено во Ургентниот центар.

  • Македонија 05.09.2016 15:07

    Избрани нови 25 судии

    Судскиот совет на Република Македонија избра 25 судии во повеќе судови во земјава. Дел од судиите кои беа избрани за основните судови за првпат ќе седнат на судиските столчиња како кандидати кои ја минале обуката на Академијата за судии и јавни обвинители.

  • Економија 05.09.2016 15:04

    Извоз од 2,7 - увоз од 3,8 милијарди долари

    Извозот на стоки и услуги за седумте месеци од оваа година надминал 2,7 милијарди долари и е повисок за 5,6 насто во однос на истиот период лани. Увозот растел побавно, достигнал 3,8 милијарди долари и е зголемен за 4,4 насто.

Pages