Уставните судии ќе ја разгледаат иницијативата за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на законодавниот дом. Иницијативата беше поднесена во петокот од Талат Џафери од Демократската унија за интеграција.
Вести
-
Македонија 17.05.2016 15:08
-
Македонија 17.05.2016 15:01
ДОМ: Избори на 5-ти јуни не може да има
Ставот на ДОМ е дека избори на 5-ти јуни не може да има, затоа што нема елементарни услови тие да бидат демократски, вели претседателката на партијата Лилјана Поповска.
Според неа менаџирањето на кризата треба да добие нова динамика за да се избегнат натамошните штети за Македонија.
-
Македонија 17.05.2016 14:48
Утре судската администрација стапува во штрајк
Од утре судската администрација стапува во штрајк сѐ до исполнување на барањата. Од Синдикатот велат дека се одлучиле на ваков чекор бидејќи владата иако ветила не исплатила 35 отсто поголеми плати.
-
Македонија 17.05.2016 14:35
Во петок матурантите ќе танцуваат квадрил
В петок напладне, матурантите по 10-ти пат ќе танцуваат квадрил. Во повеќе земји во исто време ќе се одржи матурската парада. Годинава со повеќе учесници и пораки.
-
Македонија 17.05.2016 14:22
Брисел: Нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни
„Поради неучеството на три од четирите најголеми партии, сметаме дека нема услови за кредибилни избори на 5-ти јуни“ – став на официјален Брисел. Европската унија бара лидерите да се посветат на решавањето на проблемот за владеењето на правото, што вклучува и повлекување на аболицијата.
-
Македонија 17.05.2016 14:02
Хојт Ји утре во Македонија
Американскиот заменик – помошник државен секретар за Европа и Азија, Хојт Брајан Ји, утре треба да пристигне во Скопје.
-
Македонија 17.05.2016 13:24
Попоски: Транзитирањето на над милион бегалци е директен ефект од конфликтите на Блискиот Исток
Зголемување на транснационалните закани за безбедноста на земјите од Западен Балкан беше тема на конференцијата посветена на конфликтот на Блискиот Исток и Северна Африка.
-
Македонија 17.05.2016 13:21
Донирани едукативни картички за полесна комуникација на децата со аутизам
„Децата за деца“ е хуманитарна акција на Француското интернационално училиште преку која се обезбедија едукативни картички наменети за децата во Дневниот центар за деца со аутизам.
-
Свет 17.05.2016 13:15
Утре средба Хан- Вучиќ
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре пред посетата на Приштина ќе слета во Белград, за да се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави портпаролката на европска комисија Маја Коцијанчич.
-
Македонија 17.05.2016 12:51
Нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан
„Новите градови на Балканот: Реконструкција за каква иднина?“ е темата на семинарот на кој се дискутира за нов концепт за одржлив развој на градовите во Западен Балкан.










