По закажувањето на конститутивната седница на српското Собрание за 17 ноември, Ана Брнабиќ ги повика претставниците на „Студентската листа“ на дијалог следната недела. Целта е договор за раководните позиции во парламентот и собраниските комисии.
Вести
-
Свет 09.11.2026 09:39
-
Економија 09.11.2026 09:11
Регулаторна денес со нови цени на нафтените деривати
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) се очекува да ја донесе новата одлука за највисоките малопродажни цени на нафтените деривати, со што ќе стане јасно дали бензините и дизелот ќе поскапат, ќе поевтинат или ќе останат на сегашното ниво.
-
Македонија 09.11.2026 08:51
Мицкоски на отворање нов производствен капацитет на „АСП-ПАК“ во Охрид
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на свеченото отворање на новиот производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ во Охрид. По настанот, предвидена е изјава за медиумите.
-
Македонија 09.11.2026 08:47
Облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
-
Свет 09.11.2026 08:23
Американски и израелски претставници разгледуваат можност за нов напад врз Иран
Американски и израелски претставници разгледуваат можност за нов напад врз Иран за да го зголемат притисокот врз Техеран во преговорите. Според израелските медиуми, Иран не отстапува од нуклеарните барања.
-
Македонија 09.11.2026 08:17
Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 08.11.2026 19:16
Отворена истрага против 24-годишниот напаѓач од Краков
Полска во дводневна национална жалост по вооружениот напад во Краков, во кој загинаа 6 лица, а 16 се повредени. Премиерот Доналд Туск го квалификуваше нападот како терористички чин. Напаѓачот, полски државјанин, пукал од автомобил во центарот на градот, по што бил ранет и уапсен од полицијата.
-
Македонија 08.11.2026 18:45
Возила за брза помош и дефибрилатори на сите гранични премини во Југоистокот
Службите за Итна медицинска помош во Струмица, Радовиш, Гевгелија и Валандово кои покриваат регион со околу 170 илјади жители ќе добијат целосно опремени амбулантни возила, автоматски и полуавтоматски дефибрилатори и ЕКГ апарати.
-
Македонија 08.11.2026 18:09
Правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, став на ЗНАМ
Правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите – став на Движењето „ЗНАМ“. Од таму велат дека се подготвени за разговори со владините партнери, но нема да отстапат од своите принципи.
-
Македонија 08.11.2026 17:16
Амбулантите полни деца со висока температура, многу од нив невакцинирани со МРП вакцината
Со треска и температура, премалени беа децата кои ноќеска беа донесени во дежурниот педијатриски пункт во поликлиниката Бит Пазар. Доенчиња и мали деца на предучилишна возраст, сите во иста чекалница и ординација на преглед. Додека вирусите косат, државата веќе брои и заболени од морбили.










