„По 29-ти октомври вртиме нова страница. Завршува времето на локалните шерифи и реваншизмот. Ќе се посветиме да бидеме сервис на граѓаните, да му служиме на народот“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот во Кавадарци.
-
Македонија 26.10.2017 16:08
-
Македонија 26.10.2017 16:07
ДУИ побара поддршка од жителите на Долнени
Цврсто го поддржуваме нашиот кандидат во оваа општина, Џемил Ќамили, чијшто противкандидат во вториот круг од изборите на 29 октомври е Билал Каришик од СДСМ, рече претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, пред присутните, членови и симпатизери на митингот во Општина Долнен
-
Македонија 26.10.2017 16:06
Груевски: СДСМ го почна редефинирањето на Македонија
„СДСМ го почна редефинирањето на Македонија - планот се состои од неколку точки меѓу кои - промена на уставното име, идентитетот на Македонците, договорот со Бугарија, законот за двојазичноста, доселување на мигрантите“, рече лидерот на ВМРО– ДПМНЕ, Никола Груевски пред жителите на Македонска Кам
-
Македонија 26.10.2017 16:06
Касами: Ќе работам во служба на сите граѓани на општина Тетово
Кандидатот за градоначалник на Тетово и лидер на движењето БЕСА, Биљал Касами, ги претстави проектите од изборната програма. Го побара гласот на жителите на градот. Вети урбан развој и хигиена, како и поддршка за универзитетите.
-
Македонија 26.10.2017 15:03
Метео: Утре температура до 24 степени, од сабота заладување и дожд
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време со слаб до умерен југозападен ветер.
-
Македонија 26.10.2017 14:57
Да се обезбеди документација за припадниците на Ромската заедница
Над 10 милиони граѓани во светот, 600.000 во Европа и околку стотици во Македонија живеат без државјанство- покажува статистиката. Поради непоседување на потребната документација тие остануваат на маргините на опшеството, велат од невладиниот сектор.
-
Македонија 26.10.2017 14:53
В.д. претседателот на Кривичен суд, Рибарев поднесе оставка
Вршителот на должноста претседател на Основен суд Скопје 1- Скопје, Стојанче Рибарев, минатиот петок до Судскиот совет доставил писмено известување дека поднесува оставка на функцијата од лични причини.
-
Македонија 26.10.2017 13:35
МВР и Обвинителството истражуваат кој бил логистика на Грујевски и Бошкоски
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека ресорот, заедно со Обвинителството, истражуваат кој бил логистика на поранешните вработени во УБК, Грујевски и Бошкоски при бегството од земјава. Рече дека имаат многу податоци, но информациите не се за споделување со јавноста.
-
Македонија 26.10.2017 13:06
ВМРО- ДПМНЕ: МВР молчи за изборните криминали
МВР замижува пред јавно обелодените закани, уцени и поткуп на изборите, обвинија од ВМРО- ДПМНЕ. Како што рече Оливер Андонов, министерот за внатрешни и потпретседател на СДС, го злоупотребува Министерството вршејќи закани врз кандидатите за градоначалници на ВМРО- ДПМНЕ.
-
Македонија 26.10.2017 12:30
Иванов: ЕУ да покаже решителност- Македонија да добие датум за почеток на преговори
Одредување датум за почеток на преговорите за членство во Европската унија, уште еднаш во Брисел побара македонскиот претседател, Ѓорге Иванов. Неопходна ни е вашата решителност, нагласи Иванов, зашто според него, процесот е паралелен.










