Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска престојува во дводневна работна посета на Брисел, Кралството Белгија. На почетокот на агендата на претседателот Иванов е најавена средба со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
-
Македонија 25.10.2017 08:12
-
Македонија 24.10.2017 16:18
Ибрахими на средби со жители на Топанско Поле
Кандидатот на движењето БЕСА за градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими на средби со жители на Tопанско Pоле. Вели – директниот контакт е најдобар за претставување на програмата.
-
Македонија 24.10.2017 16:17
Заев: Имаме намера внимателно да ги слушаме граѓаните и да бидеме нивен сервис
Нови работни места во општина Кисела Вода преку развој на стопанството и отворање нови фабрики за вработување пред сѐ, на младите луѓе, најави претседателот на Социјал- демократскиот сојуз Зоран Заев, на форумот со граѓани во Драчево.
-
Македонија 24.10.2017 16:15
ДУИ на средби со жителите на Чегране
Демократската унија за интеграција на средби со граѓаните на Чегране ја претставија програмата за локалните избори.
-
Македонија 24.10.2017 16:14
Груевски: ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде заштитник на интересите на граѓаните на Македонија
„ВМРО-ДПМНЕ секогаш, и во добро и во лошо ќе биде заштитник на интересите на македонскиот народ и на граѓаните на Република Македонија“- порача лидерот на партијата, Никола Груевски на средбите со жителите на штипските населби, Три Чешми и Баби.
-
Македонија 24.10.2017 16:01
Повторно одложено судењето на Грујевски и Бошкоски
Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски денеска се појавија во Судот во Солун, за да им се суди за обидот да ја напуштат Грција со фалсификувани бугарски пасоши. Судењето повторно е одложено.
-
Македонија 24.10.2017 15:51
Метео: Променливо облачно и ветровито време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и ветровито време, со повремено засилен ветер од северен правец.
Во попладневните часови облачноста ќе се намалува и се очекуваат сончеви периоди. Во Скопје температурата ќе достигне до 14, а максималната на југоисток до 18 степени.
-
Македонија 24.10.2017 15:37
Нема прегласување на првиот изборен круг
Нема да има прегласување на првиот изборен круг од локалните избори на ниту едно избирачко место. Управниот суд ги отфрли тужбите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, Алијансата на Албанците, ТМРО и Левица.
-
Македонија 24.10.2017 14:09
Андонов: СДС ја користи полицијата како алатка за реализација на партиски цели
СДС скандалозно ја користи полицијата како алатка за реализација на партиски цели, тврдат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Владата со противзаконска употреба на полицијата врши напад врз демократијата и слободната мисла, велат од партијата.
-
Македонија 24.10.2017 13:54
Кривичниот суд постапува по барањето за екстрадиција на Грујевски и Бошкоски
Поранешните вработени во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошкоски изведени пред Судот во Солун за поседување фалсификувани бугарски пасоши. Скопскиот Кривичен суд пак постапува по барањето за нивна екстрадиција.










