• Свет 27.12.2022 13:15

    Продолжува истрагата за несреќата кај Пирот

    Српските власти ја продолжуваат истрагата за железничката несреќа кај Пирот. Вонредната состојба сè уште не е укината.

    Според последните информации две лица загинаа, а десетици побарале лекарска помош. Вчера мерните станици покажаа дека нема присуство на амонијак во воздухот.

  • Свет 27.12.2022 12:19

    Киев бара мировен самит, Москва со услови

    Киев понуди мировен самит до крајот на февруари, но пред директните мировни разговори со Москва, Русија мора да се соочи со трибуналот за воени злосторства. Секоја војна завршува на дипломатски начин – изјави украинскиот шеф на дипломатијата во интервју за „Асошиејтед прес“.

  • Свет 27.12.2022 12:16

    Продолжуваат тензиите на Косово, српската армија на готовс

    Напнатоста на Косово и регионот добива нови, поризични димензии. Борбената готовност на српската армија и полицијата е подигната на максимум. И додека косовските Срби креваат нови барикади, Белград е подготвен за операција на безбедносните сили во Косово.

  • Свет 27.12.2022 11:53

    Австралија под топлотен бран

    Јужна Австралија е на врвот на овогодишниот прв топлотен бран. Издадено е предупредување за екстремно виски температури во Викторија, Тасманија, Нов Јужен Велс и изолирани делови од западна Австралија.

  • Свет 27.12.2022 09:37

    Во Украина 9 милиони луѓе без електрична енергија

    Ситуацијата на фронтот во Донбас е тешка и болна-оцени украинскиот претседател Зеленски, додавајќи дека во земјата и натаму има недостиг на струја без која останаа речиси 9 милиони луѓе. Воведени се итни рестрикции, вклучувајќи го и Киев.

  • Свет 27.12.2022 09:35

    Во САД загинати најмалку 14 лица

    Расте бројот на жртви во силното снежно невреме што зафати милиони американци во источниот дел на САД. Шерифот на округот Ири, во Бафало, рече дека бројот на смртни случаи се зголемил за 14 во текот на ноќта.

  • Свет 27.12.2022 09:17

    Растат тензиите на Косово

    Растат тензиите на северот на Косово. Српскиот претседател Александар Вучич нареди војската и полицијата да бидат ставени на највисок степен на борбена готовност. Изјави дека ќе ги преземе сите можни мерки за да го заштити српскиот народ.

  • Свет 26.12.2022 13:43

    Русија изврши над 40 ракетни напади на Божиќ

    Руските сили извршија повеќе од 40 ракетни напади на Божиќ, соопшти украинската војска. Во изминатите 24 часа биле гранатирани десетици градови во регионите Луганск, Доњецк, Харков, Херсон и Запорожје.

  • Свет 26.12.2022 12:54

    „Циклонска бомба“ во САД и Канада

    Зимската бура што го зафати северноамериканскиот континет, од Канада на север, до Рио Гранде на југ однесе десетици животи. Најголем број жртви има во Бафало – 12, Вермонт, Охајо, Мисури, Висконсин, Канзас и Колорадо. Речиси 200 илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

  • Свет 26.12.2022 12:43

    Прогласена вонредна состојба поради истекување на амонијакот во Пирот

    Еколошка тревога во Пирот откако воз што превезувал цистерни со амонијак се излизгал од шините. Извршените мерења на пет локации денеска не покажаа присуство на амонијак во воздухот, соопшти српскиот министерот за транспорт Весиќ.

Pages