Од Светската здравствена организација предупредуваат дека е прерано да се прогласи крај на вонредната ситуација со пандемијата на Ковид-19 поради потенцијално опасниот бран кој во моментов се случува во Кина.
-
Свет 21.12.2022 17:59
-
Свет 21.12.2022 17:38
Се проширува скандалот со корупција во ЕУ
Се проширува скандалот со корупција во Европскиот парламент.
-
Свет 21.12.2022 14:38
Барикади на северот од Косово, КФОР го анализира барањето на Белград
Северот на Косово и натаму блокиран. Белград и Приштина со меѓусебни обвинувања. Премиерката Брнабиќ вели дека поради потезите на Приштина не се исклучува и воен судир, но додава дека сите треба да работат на зачувување на мирот и безбедноста.
-
Свет 21.12.2022 12:42
Зеленски во САД, Медведев во Кина, бараат поддршка од светските сили
Украинскиот претседател Зеленски во прва посета во странство по избувнувањето на војната во Украина. Во Белата Куќа ќе разговара со неговиот колега Бајден, по што во Капитол Хил треба да се обрати пред конгресмените и сенаторите.
-
Свет 21.12.2022 12:41
Црна Гора парализирана од повеќемесечната владина криза, граѓаните на протести
Продолжуваат протестите во Црна Гора. Околу 20 илјади демонстранти се собраа пред Парламентот во Подгорица, барајќи предвремени избори и повлекување на одлуката да му се одземе одлучувачката улога на претседателот во назначувањето на премиерот.
-
Свет 21.12.2022 12:31
Гутереш: Со забраната за образование се кршат права на девојчињата и жените во Авганистан
САД и Обединетите нации со остра реакција на одлуката на талибанските власти, со која на жените во Авганистан им се забранува да студираат.
-
Свет 21.12.2022 09:25
Штрајк на вработените во брзата помош
По непостигнатиот договор за повисоки плати и прекинот на работата на медицинските сестри, штрајк и на брзата помош во Англија и Велс.
Владата предупредена дека е загрозена безбедноста на пациентите и дека сами ќе треба да се снаоѓаат за да стасаат до болница.
-
Свет 21.12.2022 09:24
Даночните пријави на Трамп ќе бидат објавени
Комитетот за финансии и државен буџет на Претставничкиот дом на САД гласаше за објавување на делумно редактираните даночни пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
-
Свет 21.12.2022 09:23
Општите избори поместени со цел крај на тензиите
Конгресот на Перу реши да го промени изборниот календар. Општите избори планирани за 2026 година ги поместија за април 2024 година со цел да се намалат политичките тензии и да се запрат смртоносните протести.
-
Свет 21.12.2022 09:21
Зеленски во посета на Вашингтон
Украинскиот претседател Зеленски потврди дека е на пат за Вашингтон, во неговата прва странска посета по избувнувањето на војната во Украина.










