Улиците пред Бакингемската палата од денеска ќе бидат затворени за време на смената на стражарите, а мерката е воведена по нападот со камион на Божиќниот базар во Берлин.
-
Свет 21.12.2016 13:04
-
Свет 21.12.2016 12:39
13 лица во притвор поради атентатот на рускиот амбасадор
Ковчегот со посмртните останки на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен во Анкара, е префрлен во Москва. Турските власти приведоа 13-мина, а руските пратија тим од 18 истражители кој се вклучува во истрагата за атентатот.
-
Свет 21.12.2016 12:33
Убиецот од Берлин е момче од Тунис?
Германската полиција дошла до нови информации за убиецот од Берлин. По детален претрес на камионот, биле откриени траги кои укажуваат на 24-годишно момче од Тунис.
-
Свет 21.12.2016 11:56
Сирија: Одобрен мониторинг тимот од ОН за источно Алепо
Сириската влада го одобри мониторинг тимот од Обединетите нации за источно Алепо. 20 набљудувачи ќе ја следат евакуацијата на населението и бунтовниците.
-
Свет 21.12.2016 11:28
Експлозија во Мексико: Загинаа над 30 лица, 70 се повредени
Над 30 лица загинаа, а 70 се повредени во серија експлозии на пазар за пиротехника во Тултепак, во Мексико. Пиротехниката била подготвена за претстојните католички Божикни празници.
-
Свет 21.12.2016 10:39
Фронтиер: Многу американски амбасадори поставени од Обама ќе бидат заменети
Со стапувањето на функција на новиот американски претседател ќе се смени и надворешната политика. Администрацијата на Доналд Трамп нема намера да се меша во внатрешните работи на странските држави, туку да ги штити американските интереси.
-
Свет 21.12.2016 10:34
Притворени шест лица поради атентатот на рускиот амбасадор
Ковчегот со посмртните останки на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, кој беше убиен во Анкара, е префрлен во Москва. Турските власти приведоа шестмина, а руските пратија тим од 18 истражители кој се вклучува во истрагата за атентатот.
-
Свет 20.12.2016 14:41
Експертски тим од Москва го истражува атентатот на рускиот амбасадор во Турција
Осумнаесет истражители од Москва се вклучија во истрагата за атентатот врз рускиот амбасадор Андреј Карлов во Анкара.
-
Свет 20.12.2016 14:34
Берлин: Уапсен погрешен човек, напаѓачот сѐ уште на слобода
Уапсениот пакистанец, осомничен за нападот на Божикниот пазар во Берлин не бил возачот на камионот со кој беа убиени 12 луѓе. Податоците кои ги дал осомничениот биле проверени и се покажале како точни.
-
Свет 20.12.2016 14:15
92 милиони евра за гасовод меѓу Романија и Молдавија
Европската унија, Европската банка за обнова и развој и Европската банка за инвестиции предлагаат финансиски пакет во износ од 92 милиони евра за изградба на гасовод којшто ќе ги поврзува Романија и Молдавија.










