Претставници на вооружените сили во Мјанмар соопштија дека тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар биле пронајдени во Андаманското море.
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.
Претставници на вооружените сили во Мјанмар соопштија дека тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар биле пронајдени во Андаманското море.
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.
Предвремените парламентарни избори во Британија треба да решат кој ќе ја води земјата низ преговорите за Брегзит и дали ќе се одржи уште еден референдум во Шкотска за независност од Обединетото кралство.
Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Кристофер Вреј за нов директор на Федералното Биро за истраги. Според Трамп, Вреј има беспрекорни акредитации за местото директор на ФБИ.
Авион на војската на Мјанмар со 116 патници и членови на екипажот исчезнал од радарите, а агенциите јавуваат дека биле пронајдени делови од леталото во море.
Се верува дека во авионот се наоѓаат членови на семејства на војници кои се наоѓаат во крајбрежни бази.
Кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел го одобри повлекувањето на германските војници од воено-воздухопловната база Инџирлик во Турција. Во текот на месецов, трупите ќе се преселат во Јордан.
Седум лица загинаа во два напади во Техеран. Во Парламентот на Иран вооружена група отворила оган и повредила тројца, а обезбедувањето на институцијата деактивирало бомба.
Познатиот американски режисер и либерален активист Мајкл Мур отвори вебстраница со назив „Трампликс“ на која ќе се проследуваат информации за евентуални престапи и криминални дела од страна на претседателот Доналд Трамп и неговиот кабинет.
Турција и Русија бараат решение за дипломатскиот спор во заливскиот регион. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган смета дека изолирањето на Катар, вклучително и наложувањето на санкциите, нема да ги реши проблемите. Рускиот претседател Владимир Путин побарал дијалог.
Истражители од ФБИ сметаат дека руски хакери стојат зад кибернетичкиот напад врз катарската новинска агенција, што се случи кон крајот на мај.
Турската телевизија „СИ-ЕН-ЕН-Турк“ пренесе дека обвинителството во Анкара издало десетици наредби за апсење во турски министерства во рамките на истрагата за организацијата на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.