Најмалку еден цивил загинал, а четворица биле ранети кога снајперист од иранската шиитска милиција отворил оган врз конвој со цивили кои чекале на евакуација од Алепо.
-
Свет 15.12.2016 12:46
-
Свет 15.12.2016 11:49
Нема повредени во снежната бура во Орегон
Снежната бура го блокираше сообраќајот во американската држава Орегон. Автопатот 20 беше затворен поради лавина, а мост во Портланд беше целосно затрупан. Во невремето нема повредени луѓе.
-
Свет 15.12.2016 11:16
Кина распореди оружје на островите во Јужното Кинеско Море
„Азиската поморска транспарентна иницијатива“ (АМТИ) тврди дека Кина распоредила оружје на спорните острови во Јужното Кинеско Море.
Официјален Пекинг претходно гарантираше дека присуството во регионот нема да значи милитаризација на тој дел од Азија.
-
Свет 15.12.2016 10:45
Над милијарда кориснички сметки на „Јаху“ биле хакирани во изминативе години
Над една милијарда кориснички сметки на компанијата „Јаху“ биле хакирани во 2013 година, а околу 500 милиони во 2014 година.
Личните информации на корисниците биле украдени од група спонзорирана од странска држава.
-
Свет 15.12.2016 10:32
Пензионерите во Грција најавија штрајк против владините мерки
Пензионерите во Грција најавија протест поради владината мерка за еднократна социјална помош, која според нив, е минимална.
-
Свет 14.12.2016 16:01
Сирија: Нови напади во Алепо, одложена евакуацијата
Повеќе цивили се убиени и ранети во воздушните и ракетни напади на силите на претседателот Асад и руската војска на последните делови на источно Алепо кои се под контрола на опозицијата.
-
Свет 14.12.2016 15:02
Лавров „крена раце“ од САД
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека последните разговори со САД околу ситуацијата во Сирија не вродиле со плод.
-
Свет 14.12.2016 14:08
Ердоган: Убиени над 1.800 џихадисти и курдски борци
Турскиот претседател Ердоган изјави дека околу 1.800 припадници на групата Исламска држава (ИД) и борци на силите на сириските курди се убиени во рамки на турската воена операција во Сирија, „Еуфратски штит“, која почна во август.
-
Свет 14.12.2016 11:54
Рекс Тилерсон- нов американски државен секретар
Извршиот директор на нафтениот гигант од Тексас „Ексон Мобајл“, Рекс Тилерсон е новиот американски државен секретар. Тилерсон ќе биде првиот државен секретар којшто немал искуство како политичар или воен лидер.
-
Свет 14.12.2016 11:33
Протести во Бразил, Сенатот ги усвои мерките за штедење
Бразилскиот Сенат со 53 гласови „за“ и 16 „против“го изгласа 20-годишното замрзнување на јавната потрошувачка, што е основа на планот за обновување на фискалната дисциплина и воведување контрола врз растечкиот буџетски дефицит.









