Над 10.500 државни службеници во Турција добија отказ поради наводна поврзаност со Курдската работничка партија.
Борбата против ПКК во југоисточна Турција каде што Курдите се мнозинство трае неколку години.
Над 10.500 државни службеници во Турција добија отказ поради наводна поврзаност со Курдската работничка партија.
Борбата против ПКК во југоисточна Турција каде што Курдите се мнозинство трае неколку години.
Над 60 луѓе загинаа на градилиште во Кина откако се урнало скеле. Инцидентот се случил на платформа за систем за разладување на електрична централа.
Во тек е спасувачка операција за извлекување на луѓето од урнатините.
За прв пат во последните 5 децении, граѓаните на Токио видоа ноемвриски снег. Заснежените коловози предизвикаа забавување на сообраќајот.
„Денеска излегов порано од дома. Малку ми е тешко да пешачам, а и не гледам баш најјасно.“
Земјотрес од 6,1 рихтери ја погоди јапонската префектура Фукушима. Издадена е тревога за цунами, но според метеоролозите, висината на брановите ќе биде минимална така што нема да предизвикаат штета.
Гувернерот на Јужна Каролина, Ники Хејли прифати да биде амбасадор на САД во Обединетите нации во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Хејли е ќерка на имигранти од Индија, мајка на двајца тинерџери и сопруга на капетан во крајбрежната стража.
Турскиот претседател Ердоган изјави дека одлуката на Европскиот парламент околу прекинот на пристапните преговори со Турција во очите на таа земја ништо не вреди. Испрати остри тонови пред утрешното гласање што може да ја одреди европската иднина на земјата.
Луфтханза откажа 900 летови поради штрајкот на пилотите. Портпаролот на Синдикатот изјави дека протестот не му причинува задоволство и изрази жалење за патниците кои ги користат услугите на авиокомпанијата.
Се зголемува бројот на мигранти и бегалци на островите во северниот дел на Егејско Море. Во последните неколку дена, на Лезбос пристигнале 285 лица, на Хиос 245, и на Самос 69.
На Москва, како и на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп не им се допаѓа терминот „ресетирање“ за руско- американските односи, а во администрацијата на рускиот претседател се надеваат дека ќе бидат воспоставени односи од кои двете земји ќе имаат корист, соопшти денеска портпаролот на К
Колумбиската Влада и групата Револуционерни оружени сили на Колумбија (ФАРК) ќе потпишат нов мировен договор за окончување на петдеценискиот конфликт. Документот ќе треба да биде одобрен и од парламентот.