• Свет 22.11.2016 14:39

    Повредени 14 луѓе во земјотресот во Јапонија

    14 луѓе се повредени во земјотресот од 7,4 рихтери во Јапонија. Засега нема информации за жртви или материјална штета.

    Јапонија лежи на сеизмички активно подрачје каде што се случуваат 20% од земјотресите со јачина над 6 рихтери на глобално ниво.

  • Свет 22.11.2016 13:26

    Тигар нападна девојче во Саудиска Арабија

    Тигар нападна девојче на плоштад во Саудиска Арабија. Очевидците велат дека човекот кој го донел животното за да изведе забавна точка за минувачите успеал да го скроти тигарот и да го спаси детето.

    Во заливските земји дивите животни често се чуваат како домашни миленици.

  • Свет 22.11.2016 11:35

    Јапонија: Повлечено предупредувањето за цунами

    Јапонските власти го повлекоа предупредувањето за цунами по земјотресот од 7,4 рихтери.

    Засега нема информации за жртви или материјална штета. Јапонија лежи на сеизмички активно подрачје каде што се случуваат 20% од земјотресите со јачина над 6 рихтери на глобално ниво.

  • Свет 22.11.2016 11:08

    Трамп ги претстави приоритетите

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги претстави приоритетите на неговата администрација. Најамбициозниот потег е повлекувањето од трговскиот договор познат како „Транспацифичко партнерство“.

  • Свет 22.11.2016 10:04

    Стејт Департментот предупредува од можни терористички напади во Европа

    Можни се терористички напади во Европа, особено за време на новогодишните празници.

  • Свет 21.11.2016 14:36

    21 година од Дејтонскиот договор

    Денеска се одбележува дваесет и првата годишнина од потпишувањето на Дејтонскиот мировен кој ја оконча војната во Босна и Херцеговина. Спогодбата беше парафирана во 1995 година од тогашните претседатели на Босна и Херцеговина, Хрватска и на Србија, во присуство на американскиот државен секретар.

  • Свет 21.11.2016 13:56

    Во Србија има 6.500 мигранти

    Во прифатните центри во Србија има 5.200 мигранти, а во дивите кампови се сместени 1.300 лица кои добиваат помош од меѓународните и невладините организации.

    Српскиот комесар за бегалци и миграција Владимир Цуциќ изјави дека по 400 мигранти месечно преминуваат од Србија во Унгарија.

  • Свет 21.11.2016 13:36

    Антимигрантски протести во Бугарија

    Антимигрантски протести во неколку градови во Бугарија. Националистите се собра во Софија. Од властите бараат итни мерки против мигрантите кои вршат злосторства и напади. Организаторите во Варна од т.н.

  • Свет 21.11.2016 12:30

    Саркози елиминиран на прелиминарните избори на десницата

    Изненадувањето беше големо, најпрво мобилизацијата на гласачите, околу 4,5 милиони французи излегоа да гласаат за кандидатот на десницата. Второто изненадување е елиминацијата на Никола Саркози, која го лишува претседателот Франсоа Оланд од својот најомилен противник.

  • Свет 21.11.2016 11:20

    ЕП: Можност за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ

    Агендата на Европскиот парламент за средбата во Стразбур опфаќа замрзнување на преговорите на Турција за членство во ЕУ. Барањето за ваков чекор е од двете најголеми групи- Европската народна партија и Социјалдемократите.

Pages