Швајцарија на референдум го отфрли предлогот да се забрза повлекувањето на земјата од нуклеарната енергија.
Планот го промовираше Партијата на зелените и предвидува затворање на последната од петте нуклеарни централи до 2029 година.
Швајцарија на референдум го отфрли предлогот да се забрза повлекувањето на земјата од нуклеарната енергија.
Планот го промовираше Партијата на зелените и предвидува затворање на последната од петте нуклеарни централи до 2029 година.
Во изборниот штаб на Франсоа Фијон во Париз, победата беше дочекана со задоволство и со Марсејезата. Малку беа оние кои веруваа дека поранешниот премиер на Никола Саркози ќе излезе како победник од прелиминарните избори за пртседателски кандидат на Републиканците.
Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ повторно организираат штрајк. Причина за продолжената пауза се неуспешните разговори со раководството на германската авиокомпанија во врска со зголемувањето на платите.
Поранешниот француски премиер Франсоа Фијон е претседателски кандидат на десницата за изборите за шеф на државата што ќе се одржат во мај идната година.
Вработените во јавниот сообраќај во Атина најавија уште еден штрајк. Незадоволни се од плановите за спојување на транспортните оператори со Организацијата за јавен транспорт во главниот град на Грција.
Протести се планирани и за 30 ноември и 2 декември.
Сириската војска зазеде два региона во источниот дел од Алепо кој е под контрола на џихадистите. Според Обединетите нации, најмалку 250.000 цивили се заглавени во областите под опсада.
На 90-годишна возраст во Хавана почина таткото на кубанската револуција Фидел Кастро, соопшти неговиот брат и актуелен претседател на Куба, Раул Кастро.
24 полицајци се повредени, а околу 300 мигранти се приведени во нередите во бугарскиот бегалски камп Харманли. Над 250 полицајци биле мобилизирани во операцијата против групата која е незадоволна од воведениот карантин поради појава на шуга во кампот.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се закани дека ќе ги отвори границите за три милиони сириски бегалци. Според него, ЕУ не ги исполнува обврските од договорот за запирање на мигрантскиот бран.
Три лица загинаа, меѓу кои две деца, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нови Сад. Несреќата се случила рано утрината кога неидентификуван пешак излегол на автопатот и застанал во правец од каде што наишол камион со македонски регистарски таблички.