• Свет 16.05.2017 12:28

    Трамп не разговарал со Лавров за разузнавачки информации

    Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека претседателот Доналд Трамп не разговарал за изворите или методите за добивање на разузнавачки информации на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

  • Свет 16.05.2017 12:03

    Хилари Клинтон ќе основа сопствено политичко движење

    Кандидатката на Демократската партија на ланските претседателски избори во САД Хилари Клинтон ќе создаде ново движење наречено „Заедно напред“, што ќе пропагира политичка ангажираност и ќе се спротивставува на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.

  • Свет 16.05.2017 10:44

    Трамп во посета на Блискиот Исток и Европа

    Реафирмирање на американското лидерство во светот, изградба на партнерства со клучни светски лидери и порака за единство на трите најголеми светски религии, е целта на првата посета на американскиот претседател Доналд Трамп во странство.

  • Свет 16.05.2017 10:38

    Израелска компанија откри нова верзија на вирусот „Wanna Cry“

    Израелска компанија за информатичка технологија откри нова верзија на вирусот  „Wanna Cry“ со кој беа хакирани компјутерски системи во 150 земји. 

  • Свет 15.05.2017 14:56

    Северна Кореја тестираше нова балистичка ракета

    Северна Кореја соопшти дека синоќа извршила успешно тестирање на нова балистичка ракета со „среден до голем дострел“, што може да биде приспособена да носи и „тешка нуклеарна боева глава“.

  • Свет 15.05.2017 14:17

    Демократите најавуваат блокада на изборот на нов шеф на ФБИ

    Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер најави дека неговата партија се обидува да го спречи изборот на нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ), кој би предложил претседателот Трамп. 

  • Свет 15.05.2017 13:43

    Белгија не дозволува митинг на Ердоган

    Градските власти во Брисел соопштија дека од безбедносни причини нема да дозволат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да одржи митинг во белгискиот главен град.

  • Свет 15.05.2017 12:35

    „Еден појас, еден пат“: Светските лидери на форум во Пекинг

    Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја зголеми поддршката за мегапроектот „Еден појас, еден пат“ за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

  • Свет 15.05.2017 11:50

    Северна Кореја изврши успешен тест на нова балистичка ракета

    Северна Кореја изврши успешно тестирање на нова балистичка ракета со среден или голем дострел со цел да се проверат тактичките и технолошките карактеристиките на новиот тип оружје со капацитет да носи голема нуклеарна боева глава.

  • Свет 15.05.2017 11:33

    Макрон бира премиер

    Емануел Макрон го стартува првиот работен ден како претседател на Франција со избор на премиер кој е клучен за резултатот на парламентарните избори и спроведувањето на економските реформи.

    Подоцна ќе оди во посета на Германија каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Pages