Најмалку 26 лица се повредени, од кои шестмина се наоѓаат во критична состојба во пожар во банка во Австралија. Маж се самозапалил во преполна филијала на Комонвелт банка во Мелбурн.
-
Свет 18.11.2016 12:17
-
Свет 18.11.2016 11:40
Лавров: Воздушните напади во Сирија насочени кон Идлиб и Хомс
Русија ги изврши првите напади во Сирија со авиони кои летнаа од базите на рускиот носач „Адмирал Кузњецов“ стациониран во сириските води. Цел на нападите беа позициите на Исламска држава и Фронтот Ал-Нусра.
-
Свет 18.11.2016 11:08
Турција: Уставни реформи за укинување на фунцкијата премиер
Турската влада предложи уставни реформи за укинување на функцијата премиер. Претседателот Ердоган ќе има помошници и потпретседател, систем што е сличен на оној во САД, а законодавната и извршната власт ќе бидат одвоени.
-
Свет 18.11.2016 10:45
Двајца уапсени во протестите во Атина
Полицијата во Атина се судри со група анархисти, кои организираа протести за одбележување на 43-та годишнина од студентскиот бунт против воената хунта кој почна на Политехничкиот универзитет.
Полицајците на нападот со камења, молотови коктели одговорија со солзавец и шок бомби.
-
Свет 17.11.2016 15:54
Клинтон: По поразот сакав никогаш да не ја напуштам куќата
Во првото појавување во јавноста по поразот на претседателските избори во САД, Хилари Клинтон не ја криеше својата разочараност. Во говорот што го одржа во Вашингтон, таа рече дека по објавувањето на резултатите не сакала никогаш повеќе да ја напушти куќата.
-
Свет 17.11.2016 14:40
Бил Клинтон: Џереми Корбин е човек од улица
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон го нарекол лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин „човек од улица“ и „лудак“, во еден говор во кој го објаснува оживувањето на левичарската политика во Европа и во САД.
-
Свет 17.11.2016 13:05
Мигранти предизвикаа инциденти на Хиос
Во кампот Суда на грчкиот остров Хиос во текот на ноќта дошло до немири меѓу мигрантите, кои потоа предизвикувале инциденти и низ градот. Мигранти и бегалци, воглавно од Африка, запалиле шатори, а локалните медиуми јавија дека поголемиот дел од кампот бил уништен.
-
Свет 17.11.2016 12:33
ИД го уништи древниот град Нимруд
Покрај ужасите кои му ги нанесе на цивилното население, Исламска држава удри и по археолошките локалитети. Овој пат настрада древниот град Нимруд каде што не остана ниеден историски споменик.
-
Свет 17.11.2016 12:19
Италија ќе бара од ЕУ 7 милијарди евра за справување со последиците од земјотресите
Од фондот Солидарност на Европската унија, Италија ќе бара седум милијарди евра за справување со последиците од земјотресите.
-
Свет 17.11.2016 11:33
Клинтон изрази разочарување за поразот
Во првото појавување пред јавноста по претседателските избори, Хилари Клинтон изрази разочарување од поразот во трката за Белата куќа.










