• Свет 30.11.2016 10:57

    Мосул: Борбите меѓу Ирак и ИД го прекинаа водоснабдувањето

    Борбата меѓу ирачките сили и Исламска држава го прекинаа водоснабдувањето за 40% од граѓаните во Мосул каде што живеат еден и пол милион луѓе. Како замена користат солена вода од бунарите која мора да се преврива за да биде безбедна за пиење.

  • Свет 30.11.2016 10:39

    Се подготвува резолуција за хуманитарно примирје во Алепо

    Советот за безбедност на ОН изготви нацрт-резолуција за 10-дневно хуманитарно примирје за Алепо.

    На затворената седница се дискутирало и за употребата на хемиско оружје од страна на владините сили, за што е најавена санкција.

    Во двонеделното бомбардирање загинаа над 650 цивили. 

  • Свет 29.11.2016 15:10

    Студен бран во Грција

    По поплавите и невремето во последните неколку денови, грција ја зафати студен бран. Во поголемиот дел од земјата има снег и силен ветер.

  • Свет 29.11.2016 14:36

    Авионска несреќа во Колумбија: Најден уште еден преживеан, 75 загинати

    Колумбиската полиција соопшти дека бил пронајден уште еден преживеан патник во авионската несреќа во градот Меделин.

  • Свет 29.11.2016 12:44

    Заеднички специјални воздухопловни сили на Бугарија, Словенија, Унгарија и Хрватска

    Бугарија, Словенија, Унгарија и Хрватска формираат заеднички специјални воздухопловни сили за различни мисии, вклучувајќи ја и борбата против терористите на Медитеранот и во Северна Африка.

  • Свет 29.11.2016 12:32

    76 жртви во авионската несреќа во Колумбија

    Колумбиската полиција соопшти дека 76 лица загинале кога урнал авион со 81 патник и екипаж меѓу кои биле и фудбалери од бразилскиот клуб „Шапикоенсе“. Директорот на полицијата Хозе Асеведо Оса изјави дека 6 лица преживеале, но подоцна било соопштено дека едно од нив починало во болница.

  • Свет 29.11.2016 11:50

    Картер: Изолацијата на ИД продолжува

    Американскиот министер за одбрана Ештон Картер изјави дека локалните сириски бунтовници кои соработуваат со Соединетите Американски Држави се на 20 километри од градот рака, што се смета за „главен град“ на т.н Исламска држава во Сирија.

  • Свет 29.11.2016 11:15

    Германија: 8 милиони граѓани примаат социјална помош

    Околу осум милиони граѓани во Германија примаат социјална помош. Бројот е зголемен поради мигантскиот бран. Лани право на азил добиле речиси милион луѓе.

    Властите се загрижени поради зголемениот број  пензионери и вработени кои земаат финансиска помош од државата.

  • Свет 29.11.2016 10:21

    Бегалец од Сомалија повреди 11 студенти во Колумбос, Охајо

    Осумнаесет годишен бегалец од Сомалија повреди 11 студенти на најголемиот универзитет во Колумбос, Охајо. Се очекува сите повредени да преживеат. Абдул Артан најпрво влетал во група пешаци со автомобил, а потоа со месарски нож напаѓал студенти на универзитетот.

  • Свет 29.11.2016 10:15

    Авион со бразилски фудбалери се урна во Колумбија

    Авион со 72 патника и девет члена на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб се урнал во близина на градот Меделин, во централниот дел на Колумбија. Се уште се утврдува причината за несреќата, иако постои сомнеж дека до трагедијата дошло откако во авионот снемало гориво.

Pages