Обединетите нации предупредија- Алепо ќе стане масовна гробница доколку не запрат борбите и не се достави помош. Заклучокот од итната седница на иницијатива на Франција е дека одговорноста е кај Русија.
-
Свет 01.12.2016 16:36
-
Свет 01.12.2016 14:26
Жртви во пожарите во Тенеси
Седум луѓе загинаа, а стотици објекти изгореа во пожарот во Тенеси. Илјадници граѓани се евакуирани од југоистокот на САД каде што се опожарени големи шумски предели во планински туристички регион.
-
Свет 01.12.2016 12:15
Атина: Експлозија во ресторан, загина едно лице
Голема експлозија одекна изутринава во центарот на Атина, во која едно лице загина, а петмина се повредени. Во несреќата која што се случи во ресторан за брза храна и е предизвикана од истекување на пропан, животот го загуби една 42 годишна жена.
-
Свет 01.12.2016 11:22
Обединетите нации бараат ослободување на Асанж
Обединетите Нации го отфрлија барањето на Британија за преиспитување на Џулијан Асанж зашто земјата не обезбедила доволен број нови информации. За нив, основачот на Викиликс е жртва на „произволен притвор“.
-
Свет 01.12.2016 10:20
САД: Ветераните протестираат против палењето на американското знаме
Слободата има цена, им порачаа на илјада ветерани на студентите на колеџот „Хемпшир“ во Ембрст, Масачусетс. Еден ден по победата на Доналд Трамп, студентите побараа управата да го спушти американското знаме на половина копје, а потоа и го запалија, бидејќи се незадоволни од исходот на изборите.
-
Свет 01.12.2016 10:13
Авионот што се урна во Колумбија останал без гориво
Снимките од црната кутија на авионот што се урна во Колумбија покажаа дека несреќата се случила поради недостиг од гориво. Пилотот повеќепати нагласувал дека има проблем и со електрониката и со горивото.
-
Свет 30.11.2016 15:52
Могерини: ЕК не предлага создавање европска армија
Европската комисија не предлага создавање на европска армија, ниту пак единствена воена команда, изјави на прес-конференција високиот претставник за безбедносна и надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, и додаде дека претставуваат предлог што ќе му помогне на НАТО и ќе ја направи организаци
-
Свет 30.11.2016 14:55
Германски разузнавач им давал информации на терористите од ИД
Германската федерална агенција за заштита на Уставот соопшти дека 51-годишниот разузнавач, кој на интернет објавувал промотивни материјали за ИД и интерни документи на Агенцијата, не бил забележан од службите.
-
Свет 30.11.2016 13:37
ОН подготви резолуција за хуманитарно примирје во Алепо
Советот за безбедност на ОН изготви нацрт-резолуција за 10-дневно хуманитарно примирје за Алепо.
На затворената седница се дискутирало и за употребата на хемиско оружје од страна на владините сили, за што е најавена санкција.
Во двонеделното бомбардирање загинаа над 650 цивили.
-
Свет 30.11.2016 12:17
Почна истрагата за авионската несреќа во Колумбија
Започна истрагата за уривањето на боливискиот авион во централна Колумбија. Бразилските и колумбиските тимови ќе го бараат одговорот за причините за несреќата во пронајдените црни кутии.










