Руското министерство за одбрана соопшти дека биле пронајдени уште делови од рускиот авион Тупољев 154 во Црно Море. Со помош на пловилото кое го обезбедила Црноморската флота, вклучувајќи го и спасувачкото возило Епрон биле пронајдено уште три дела од леталото.
-
Свет 27.12.2016 14:57
-
Свет 27.12.2016 14:41
Почнува судскиот процес за воениот удар во Турција
Во Истанбул денеска почнува судски процес против 29 поранешни полицајци, кои се обвинети дека учествувале во обидот за воен удар во јули. Ова е првиот судски процес за обидот за пуч, во кој загинаа 270 лица.
-
Свет 27.12.2016 14:01
Норвешка: Над 70 илјади граѓани останаа без струја поради циклон
Циклонот урд, кој го погоди крајбрежјето на неколку скандинавски земји остави без струја над 70 илјади лица во Норвешка. Циклонот достигнал сила на ураган.
-
Свет 27.12.2016 12:18
Вашингтон: Мосул и Рака ќе бидат ослободени за две години
За ослободување на сирискиот град Рака и ирачкиот Мосул, како и за ликвидација на останатите терористи на Исламска држава, ќе бидат потребни уште две години, смета генерал-потполковник Стивен Таунсенд, командант на меѓународната воена коалиција, предводена од САД.
-
Свет 27.12.2016 11:53
Турција: Забрана за извештаи за истрагата од убиството на рускиот амбасадор
Суд во Анкара забрани медиумите да известуваат за истрагата за убиството на рускиот амбсадор во Турција, Андреј Карлов, одлука која е донесена по барање на обвинителството во Анкара.
-
Свет 27.12.2016 11:21
Пронајдена една од црните кутии на рускиот авион
Нуркачи пронашле една од црните кутии на рускиот авион што се урна во Црно Море и наскоро ќе биде извадена од водата. Во задниот дел на авионот има уште две црни кутии, кои засега не се откриени.
-
Свет 27.12.2016 11:04
Индија: Авион се излизгал од пистата, 15 повредени
Авион на индиската авиокомпанија „Џет ервејз“ се излизгал од пистата на аеродромот Гоа, на запад во Индија. Во инцидентот биле повредени 15 лица.
-
Свет 27.12.2016 10:48
Пет лица ранети во престрелка во Москва
Пет лица, меѓу кои и тројца полицајци биле ранети во престрелка во Москва. Според властите, маж со огнено оружје ранил тројца припадници на полицијата во западниот дел на Москва.
-
Свет 27.12.2016 10:26
Јапонскиот премиер Абе во историска посета на Перл Харбур
Јапонскиот премиер Шинзо Абе, пристигна на Хаваите, во историска посета на американската поморска база Перл Харбур, што Јапонската империјална авијација ја нападна на 7 декември 1941 година.
-
Свет 26.12.2016 15:55
Русија: Пронајден дел од авионот кој падна во Црно Море
Спасувачкиот тим на руското министерство за вонредни состојби соопшти дека биле пронајдени неколку парчиња од рускиот авион кој се урна во Црно Море со 92 патника и членови на екипажот.









