Властите во Нагорно-Карабах најавија дека од-1ви јануари се распуштаат сите државни институции, со што, непризнаената република ќе престане да постои. Претседателот Шахрамањан, потпиша указ за распуштање на сите државни институции. Регулативата стапува на сила веднаш по објавувањето.
-
Свет 28.09.2023 14:00
-
Свет 28.09.2023 12:50
Нагорно-Карабах нема да постои од 1-ви јануари
Властите во Нагорно-Карабах најавија дека од 1-ви јануари се распуштаат сите државни институции, а Република Нагорно-Карабах престанува да постои. Претседателот на Шахрамањан, потпиша указ за распуштање на сите државни институции. Регулативата стапува на сила веднаш по објавувањето.
-
Свет 28.09.2023 09:10
Русија и Северна Кореја преговараат за оружје
Северна Кореја ги продолжува преговорите за вооружување со Русија. Има намера наскоро да постигне договор, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Метју Милер.
-
Свет 28.09.2023 09:09
Изведени повеќе од 70 напади во Украина
Руските сили вчера извршиле 44 воздушни и 27 напади со ракетни системи. Генералштабот на украинските вооружени сили соопшти дека во нападите биле убиени и ранети цивили. Уништени или оштетени се станбени згради, болница и друга цивилна инфраструктура.
-
Свет 28.09.2023 09:01
Вучиќ негира учество во оружената пресметка
Српскиот претседател Вучиќ го негираше учеството на Србија во вооружената пресметка во Бањска. Рече и дека тие се Срби, за него, и никогаш нема да бидат терористи.
-
Свет 28.09.2023 08:59
Невреме предизвика поплави на островот Евија
Поплавите зафатија области на грчкиот остров Евија, предизвикувајќи голема штета. Уништени се патишта, поплавени домови а има прекини и на електричната енергија.
-
Свет 27.09.2023 19:04
Американски војник протеран од Северна Кореја е во американски притвор
Американскиот војник, Тревис Кинг, е во американски притвор откако беше протеран од Северна Кореја.
Кинг во јули илегално премина во Северна Кореја.
-
Свет 27.09.2023 19:03
Илјадници Ерменци избегаа од Нагорно-Карабах
Азербејџан го уапси поранешниот лидер на Нагорно-Карабах, Рубен Вардањан, додека се обидувал да премине во Ерменија.
Илјадници етнички Ерменци досега избегаа од нагорно-Карабах, при што поминуваат низ строги гранични контроли.
-
Свет 27.09.2023 14:16
Приштина: Властите дозволија слободно движење на луѓето во Бањска
Властите во Приштина дозволија слободно движење на луѓето во Бањска. Предупредија дека постои ризик од неексплодирани мини.
-
Свет 27.09.2023 12:55
Загинати и повредени во пожар на свадбена церемонија во Ирак
Голема трагедија на свадбена церемонија во Ирак. Огнометот – причина за црниот биланс од стотици загинати и повредени, покажува првичната истрага. Се стравува дека бројот на жртви ќе расте, многумина од повредените се со изгореници од прв степен.










