Жестоки битки во близина на Бахмут, украинските сили објавија дека напредуваат фронтот. Москва обвинува за напад со беспилотни летала врз Централниот округ во Курск, Киев пак за напади врз Одеса. Украинскиот претседател Зеленски ги сумираше посетите на САД и Канада.
-
Свет 25.09.2023 12:11
-
Свет 25.09.2023 12:08
Макрон: Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер
Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер и ќе го повлече амбасадорот од земјата, соопшти францускиот претседател Макрон. Реакцијата на Париз следи откако избраниот претседател Базум беше соборен со државен удар. Нигер пак го затвори воздушниот простор за француски авиони.
-
Свет 25.09.2023 09:56
Ден на жалост во Косово, состојбата и натаму тензична
Ден на жалост на Косово. Безбедносната состојба сè уште тензична откако вчера еден припадник на косовската полиција беше убиен, а друг ранет во напад од непознати маскирани лица во Општина Лепосавиќ.
-
Свет 24.09.2023 21:57
Вооружената драма во Косово заврши, убиени тројца напаѓачи
Тројца Срби загинале на северот на Косово, двајца од нив од снајпер, двајца се тешко ранети, а се стравува дека е убиено и четврто лице, рече во обраќањето до нацијата претседателот Вучиќ. Го осуди убиството на косовскиот полицаец, а за случувањата го обвини Курти.
-
Свет 24.09.2023 16:29
Загинати во експлозија на камион-бомба во Сомалија
Во бомбашки напад на контролен пункт во Сомалија загинаа најмалку 15 лица. 40 се повредени.
Фотографиите на социјалните мрежи покажаа запалена кабина на камион и црн чад од местото на нападот во централна Сомалија.
-
Свет 24.09.2023 15:02
Курти тврди дека напаѓачите се опколени, Вучиќ најави вонредно обраќање
Повторно врие на северот на Косово. Еден припадник на косовската полиција е убиен, а друг е ранет во напад на непознати и маскирани лица во Општина Лепосавиќ, што се случил утрово.
-
Свет 24.09.2023 12:15
Тензии на северот на Косово, убиен припадник на косовската полиција
Повторно врие на северот на Косово. Еден припадник на косовската полиција е убиен, а друг е ранет во напад на непознати и маскирани лица во Општина Лепосавиќ, што се случил утрово.
-
Свет 24.09.2023 09:59
Две лица загинаа во голем пожар во северниот дел на Сицилија
Големи пожари на Сицилија. Зафатени се областите Палермо и Месина, во северниот дел на островот.
Две лица загинаа во шумските пожари кои беснеат во северниот дел на Сицилија.
-
Свет 24.09.2023 09:56
Зајакна контролата врз Нагорно-Карабах
Азербејџан ја зајакна контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах додека расте меѓународната загриженост поради маките на етничките ерменски цивили заробени таму.
-
Свет 24.09.2023 09:55
Лавров: Западот дека директно се бори против Русија
Западот „директно се бори“ против Русија во Украина, изјави рускиот министер за надворешни, Лавров во седиштето на ООН во Њујорк. САД и европските земји кои испорачуваа системи за вооружување на Киев, инсистираат дека не се во војна со Москва, туку и помагаат на Украина да се одбрани.










