• Свет 27.09.2023 12:20

    Заврши полициската акција во Бањска

    Заврши полициската акција за претрес во Бањска. Селото четири дена под блокада. Во Приштина одлука дали на сите, не само на жителите, треба да им се дозволи слободно движење. Косовскиот премиер Курти на владина седница рече дека Србите на Косово мора да се ослободат од туторството на Србија.

  • Свет 27.09.2023 09:29

    Трамп и неговата компанија прогласени за виновни за измама

    Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговата семејна фирма се прогласени за виновни за измама од судот во Њујорк по граѓанска тужба од државната обвинителка Летиција Џејмс.

  • Свет 27.09.2023 09:29

    Зеленски најави акција против Русија

    Санкциите против Русија не се доволни за да се запре агресијата на Кремљ, изјави Украинскиот претседател. Вети нова украинска акција против како што вели, терористичката држава. На фронтот битките продолжуваат. Украинската војска објави дека напредува во Бахмут.

  • Свет 27.09.2023 09:28

    Најмалку 100 лица загинаа, 150 се повредени во пожар на свадба во северен Ирак

    Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадба во северен Ирак. Според првичните информации пламените јазици најверојатно биле предизвикани од огномет. Властите велат дека запаливите градежни материјали придонеле за брзо ширење и уривање на објектот.

  • Свет 27.09.2023 09:28

    Се чека одлука за движење низ Бањска

    Ден на жалост во Србија и Република Српска по убиството на полицаец на северот на Косово. Заврши полициската акција за претрес во Бањска. Селото четврти ден е под блокада, а влезот сè уште е дозволен само на мештаните.

  • Свет 26.09.2023 19:16

    Триесетдневен притвор за осомничените за убиството на полицаецот на северот на Косово

    Состојбата на северот на Косово е мирна, но и натаму тензично. Косовскиот суд реши да ги задржи во притвор тројцата осомничени за вмешаност во убиството на полицаецот на северот на земјата.

  • Свет 26.09.2023 16:45

    Јужна Кореја ја одржува првата голема воена парада по десет години

    Јужна Кореја ја почна најголемата воена парада во последнава деценија. Граѓаните и светот имаа можност да видат и интерконтинентални ракети. Шефот на државата предупреди за заканите од Пјонгјанг.

  • Свет 26.09.2023 16:45

    Во Германија спроведена операција против илегални мигранти

    Акција на германската полиција во сузбивање на криумчарите на мигрантите. Пронајдени се над 100 сириски државјани кои нелегално биле донесени во земјата.

  • Свет 26.09.2023 16:45

    Украина тврди дека напредува во Бахмут

    Украинската војска тврди дека напредува во Бахмут.

    Уште едно село е ослободено од руските трупи. Синоќа во напад врз украинското пристаниште за извоз на жито во Одеса, Измаил повредени се две лица.

    Противвоздушната одбрана урнала 26 од 38 руски беспилотни летала.

     

  • Свет 26.09.2023 12:32

    Ситуацијата во Косово мирна, но сè уште тензична

    Косово бара од Србија да му ги предаде напаѓачите кои избегале по судирот со косовските полицајци на северот од земјата во кој беа убиени тројца напаѓачи и еден полицаец. Српскиот претседател Вучиќ одговори дека Белград нема ништо со тоа.

Pages